Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар во знак на протест поради притворените сопартијци ја напуштија денешната седница на која се разгледува нацрт буџетот за наредната година.

Иако денеска ја напуштија седницата, советниците најавија дека ќе присуствуваат на седницата кога ќе биде ставен предлогот на дневен ред за гласање.

Советниците од најголемата опозициска партија демонстративно да ги напуштија и општинските седници во општина Ѓорче Петров, Гази Баба, Штип, Гевгелија.