Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Советот ја разреши Јанева-в понеделник ќе го прекине мандатот и на обвинителите од СЈО

0
By Нова ТВ on September 14, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, September 14, 2019 20:53

Советот на јавни обвинители на вонредната седница вечерва едногласно ја разреши од функцијата специјален јавен обвинител Катица Јанева за незаконско, нестручно и несовесно работење.

Одлуката ќе биде објавена во Службен весник, но стапува на сила од денеска.

В понеделник на продолжението на седницата, ќе се констатира и престанок на мандатот на другите обвинители во СЈО, бидејќи како што рече претседателот на Советот Ацо Колев на прес конференцијата вечерва, како што е предвидено во Законот на СЈО, нивниот мандат не може да го надмине мандатот на специјалниот јавен обвинител.

Тој не сакаше да прејудицира што ќе се случи со обвинителите, но рече дека најверојатно ќе се вратат во матичните обвинителства.

Иако Законот за СЈО се уште е во важност и не е донесен нов закон за ЈО во кој треба да се регулира позицијата на СЈО, Колев рече дека Советот нема да назначи вршител на должноста, бидејќи назначувањето е на предлог на Собранието.

Ацо Колев, Совет на јавни обвинители

-Став на Советот е дека не постојат услови за поставување в.д. имајќи го предвид самиот Закон за СЈО каде стои дека  предлог за именување специјален јавен обвинител дава Собранието. Ние очекуваме предлог од Собранието, бидејќи овој Закон се уште е во важност, па ќе одлучуваме, рече Колев.

Претходно денеска во Собранието едногласно без ниту еден глас против од присутните пратеници, Катица Јанева е разрешена од функцијата шеф на СЈО. За разрешувањето на Јанева гласаа 102 пратениици.

Јанева е разрешена за несовесно, незаконско и нестручно работење. Претседателот на Собранието Талат Џафери го достави Извештајот за разрешувањето на Јанева до Советот на јавни обвинители.

Процесот на разрешување на Јанева почна на 5 септември, кога Комисијата за избори и именувања зад затворена врата едногласно и без дебата донесе заклучок да му предложи на Собранието да ја разреши Јанева. Одлуката беше донесена врз основа на извештајот на Советот на јавни обвинители за разрешување на Јанева поради нестручно, незаконско и несовесно работење.

Таа е осомничена дека посредувала во Рекет односно дека му го олеснила статусот на осомничениот бизнисмен Јордан Камчев во случајот „Империја“ за што прибавила материјална корист. Јанева веќе 2о дена е во притвор во Шутка.

 

Јанева Колев СЈО Совет на јавни обвинители
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.