Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СП во ракомет: Македонија без притисок против Шпанија

0
By Нова ТВ on January 18, 2017 СПОРТ
Фото: francehandball2017.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонската ракометна репрезентација влегува без притисок во вечерашниот дуел со Шпанија, четврти на Светското првенство во Франција. Примарната цел е дофатена – осминафиналето дефинитивно е осигурано по вчерашното реми на Словенија и Тунис (28:28) и како единствена задача пред „црено-жолтите“ во Мец сега преостанува само обидот за освојување на третото место во групата Б за разминување со домаќинот на турнирот во првото нокаут коло.

Шанса за тоа е Исланд (утре 17,45 ч.), противник кој пред стартот на првенството беше посочен како еден од трите за минување на групата покрај Тунис и Ангола. Тоа, сепак, не значи дека Македонија нема или не треба да се обиде да приреди изненадување против фаворизираната „фурија“. Во тој контекст и размислувањето и порака на Червар од Франција во пресрет на вечерашниот настап.

Фото: francehandball2017.com

„Нема однапред да се откажеме. Ќе пристапиме во мечот со намера да извлечеме добар резултат. Можам да кажам дека Шпанците, играчки, повеќе ни одговараат од Словенците, а една од причините поради што го велам ова се побавните бекови што го имаат. Меѓутоа ако нештата тргнат во спротивна насока од посакуваната, тогаш ќе размислуваме на утрешнара средба. Сепак, ако реално согледаме, клучен за Македонија е натпреварот со Исланд“, истакна селекторот Лино Червар.

Не е исклучена можноста и за промена во тимот вечерва и прекоманда на некој од трите резерви на Червар на првенството. Голманот на Бенфика, Никола Митревски и кружниот напаѓач на Металург, Жарко Пешевски и левиот бек на австриски Ферлах, Ристо Арнаудовски и натаму очекуваат деби во Мец што некој од нив може да има уште вечерва.

Фото: francehandball2017.com

„Направивме анализа на играта со Словенија. Грешките се посочени и се надевам дека нема да ги повториме. Особено не утре против Исланд“, нагласува селекторот.

Червар, меѓудругото, потсетува дека Македонија е дел од Светско првенство што е тип на спортски настан на кој не е потребна ниту еуфорија по победа ниту тага по пораз. Ова важи за позиција на тимот и за фаза на турнирот во која сè уште имаат отворени опции. За „црвено-жолтите“, во случајот, таа е борба за третото место.

Со вечерашниот дуел се заокружува четвртата рунда во групата Б по вчерашната победа на Шпанија над Ангола со 42:22 и нерешените 28:28 на Словенците и Тунижаните.

Утрешниот ден ги носи и средбите од петтото, последно, коло во групата во Мец. Програмата ја отвораат Тунис и Ангола од 14 часот, Македонија и Исланд ќе играат од 17,45 ч. и Шпанија против Словенија во дербито од 20,45 часот.

 

Македонија СП во ракомет Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.