Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СП во ракомет: Македонија ја разби Ангола, 10 гола на К. Лазаров

0
By Нова ТВ on January 14, 2017 СПОРТ
Фото: francehandball2017.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На Лино Червар не му се повтори Аргентина од СП 2003, на Македонија не ѝ се повтори ниту ЕП 2016 ниту квалификацискиот турнир во Гдањск за пласман на олимписките игри. Ракометниот мундијал во Франција се одвива по планираното сценарио. „Црвено-жолтите“ ја совладаа и Ангола со 31:22 за втора победа во групата Б и, речиси, обезбедено осминафинале иако до него има уште три меча. Првиот нареден е во понеделник (17,45 ч.) против селекцијата на Словенија.

Фото: francehandball2017.com

Македонија вечерва не препушти ништо на случајот, не дозволи комоција, не дозволи да потцени, а со тоа и да си ја искомпликува позицијата. Освен влезовите во двата дела од средбата со третата африканска репрезентација, сè останато функционираше како што требаше, се очекуваше, се посакуваше. Неколкуте промашени зицери и технички грешки на стартот набрзо се покрија. Националниот тим заигра на потребното  ниво, уфрли во повисока брзина и на одмор замина со плус пет (14:9).

Фото: francehandball2017.com

Воведот од продолжението повторно мина во знак на Анголците. Врзаа неколку гола во ситуации во кои Македонија беше без голман и се доближија на миус 2 (13:15). И тоа беше сè што се обидоа да направат за резултатско враќање во игра и внесување на некаква неизвесност во натпреварот. Остатокот од времето понуди еднонасочна ракометна претстава во која главната улога ја имаа момчињата во црвени дресови. Покажаа дека од нив ќе зависат најголем дел од нештата, покажаа дека квалитетот е на нивна страна и ја потврдија улогата на фаворити што ја имаа.

Фото: francehandball2017.com

Комотната разлика што се изгради и одржуваше му овозможи на Червар и да ги дозира силите за предизвиците што претстојат. Шанса добија сите 16 ракометари што влегоа во официјалниот записник и во листата на стрелци не се додаоа само голманот Кирил Колев, Стефан Дрогришки, Велко Маркоски, кој и онаа се користи само во одбрана и Мартин Нелоски. Дебито на големата сцена ќе остане засекогаш врежано во Мартин Поповски кој доби прилика во арената во Мец и ја зачини со една реализација.

Најефикасен поединец на средбата беше Кире Лазаров. Капитенот одново беше двоцифрен и, по 12-ката против Тунис во првиот меч, мрежата на Ангола ја „изрешета“ 10 пати. Гоце Георгиевски, кој го понесе признанието МВП, постигна пет гола, три даде Филип Лазаров, по два запишаа Дејан Манасков, Стојанче Стоилов и голманот Благојче Трајковски. Прв стрелец во поразената репрезентација беше Серџо Авелино Лопез со 5 погодоци.

Ангола – Македонија 22:31 (9:14)

Арена во Мец. Гледачи: 3.000. Судии: М. Гателис и В. Мазејка од Литванија.

Ангола: Гаспар (1 одбрана), Фигеира, Муачисенге 1 (8 одбрани), Агијар 1, Хебо 2, Муленеса, Антонио 3, Манеко 2, Тека, Насименто 3, Квинанга, Лопез 5, Пестана 2, Фереира 3. Селектор: Алесандре Диого Мачадо

Седмерци: 1/1. Исклучувања: 6 минути Загубени топки: 12

Македонија: Колев (9 одбрани), Трајковски 2 (2 одбрани), Манасков 2, Стоилов 2, К. Лазаров 10, Митков 1, Дрогришки, Талески 1, Миркуловски 1, В. Маркоски, Н. Маркоски 2, Георгиевски 5, Ф, Лазаров 3, Ојлески 1, Поповски 1, Нелоски. Селектор: Лино Червар

Седмерци: 6/6. Исклучувања: 10 минути. Загубени топки: 14

СП во ракомет

Група А, 2. коло

Бразил – Полска 28:24

Норвешка – Русија 28:24

Јапонија – Франција 19:31

Табела: Франција 4, Норвешка 4, Русија 2, Бразил 2, Полска 0, Јапонија 0

Група Б, 2. коло

Ангола – Македонија 22:31

Тунис – Шпанија 21:26

Исланд – Словенија 25:26

Табела: Словенија 4, Македонија 4, Шпанија 4, Исланд 0, Тунис 0, Ангола 0

Група Ц, 2. коло

Унгарија – Хрватска 28:31

Група Д, 2. коло

Египет – Данска 28:35

 

 

 

 

Ангола Македонија СП во ракомет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.