Словенија ќе биде противник на Франција, а Хрватска на Норвешка во полуфиналето на 25. Светско ракометно првенство.
Словенците во четврт-финалето го поразија Катар, најпријатното изненадување на мундијалот, со 32:30 додека „коцкестите“ беа подобри од Шпанија со 30:29.
„Триколорите“, актуелни шампиони, обезбедија пласман во самата завршница по триумфот против Шведска со 33:30, а Норвежаните ја елиминираа Унгарија со 31:28.
СП во ракомет
Четврт-финале
Шпанија – Хрватска 29:30
Словенија – Катар 32:30
Франција – Шведска 33:30
Норвешка – Унгарија 31:28