Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СП во ракомет: Словенија ја казни Македонија за секој пропуст и грешка

0
By Нова ТВ on January 16, 2017 СПОРТ
Фото: francehandball2017.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Прв пораз на Македонија на Светското ракометно првенство во Франција. По двете победи против Тунис (34:30) и Ангола (31:22), „цревно-жолтите“ загубија од Словенија со 22:29 (10:16). Кире Лазаров и овојпат беше најефикасен на натпреварот со девет гола од кои четири од пенал. Матевж Скок беше херојот на спротивната страна. Словенечкиот голман одбрани 14 удари и беше прогласен за МВП, по четири гола за победничката селекција реализираа Маргуч и Безјак.

Утре е нов слободен ден за Македонија тим пред двата последни меча во групата Б во Мец – во среда (20,45 ч.) против Шпанија и ден подоцна (17,45 ч.) против Исланд.

Фото: francehandball2017.com

Словенечкиот состав покажа зошто беше четврти на Олимписките игри во Рио и покажа зошто важеше за фаворит во однос на Македонија. Беше подобар ривал во 60-те минути во арената во Мец што беа неизвесни само во првуте десетина. Се останато беше во знак на составот на Вујовиќ кој резултатско „бегство“ од три-четири гола умешно го одржуваше, го зголемуваше и не дозволи ниту за момент да биде загрозено.

Македонија потфрли во секој сегмент на ракометната игра. Грешките што се провлекуваа во првите два мунадијалски меча ги имаше и овојпат, но овојпат имаше и далеку поквалитетен противник што знаеше да казни се што доби како прилика. Свој ден немаа голманите, лоша беше играта во одбрана пришто Словенците добија простор колку сакаат. И максимално го користеа.

Фото: francehandball2017.com

Ништо поразлично не беше ниту во нападот. Многу промашени удари, добар дел од нив и зицери, неколку погодени стативи и разбранетиот Матевж Скок кој го обезбеди дополнителниот мир на соиграчите. Затаи ефект од крилните позиции. Првенствено ова се однесува на првиот избор Манасков/Георгиевски кои постигнаа по еден гол (толку дадоа и замените Ојлески и Поповски). Со „единица“ во листата на стрелци завршија и Миркуловски, Талески, Н. Маркоски и Нелоски, друштво од кое за нијанса се издвоија Дрогришки со две реализации и Стоилов со три.

Првата меч топка за осминафинале отиде во неповрат. Пред Македонија се уште две во кои ќе се обиде да бод(ови) што ќе значат и сигурен пласман меѓу 16 најдобри на турнирот во Франција.

Третото коло во нашата група го отворија Исланд и Тунис синоќа со реми 22:22, а ќе го затворат Шпанија и Ангола вечерва (20,45 ч.).

Словенија – Македонија 29:22 (16:10)

Арена во Мец. Гледачи: 3.500. Судии: Ларс Гепел и Маркус Хелбиг од Германија.

Словенија: Скок (14 одбрана) 1, Кастелич, Благотиншек 3, Хегинман 1, Маргуч 4, Кавтичник 2, Јанц 3, Доленц 2, Цингесар 1, Потеко, Миклавчич, Кодрин 1, Габер 1, Безјак 4, Зарабец 3, Мацковшек 3. Селектор: Веселин Вујовиќ

Седмерци: 4/5. Исклучувања: 10 минути. Загубени топки: 10

Македонија: Колев, Трајковски (6 одбрани), Манасков 1, Стоилов 3, К. Лазаров 9, Митков, Дрогришки 2, Талески 1, Миркуловски 1, В. Маркоски, Н. Маркоски 1, Георгиевски 1, Ф. Лазаров, Ојлески 1, Поповски 1, Нелоски 1. Селектор: Лино Червар

Седмерци: 4/6. Исклучувања: 4 минути. Загубени топки: 6

Македонија Словенија СП во ракомет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.