Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СП во ракомет (У21): Франција во полуфинале, Македонија од 5-8 место

0
By Нова ТВ on July 27, 2017 СПОРТ
Фото: facebook.com/rfmofficial
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Триумфот во осминафиналето, се чини, зема данок во играта на младите македонски ракометари на Светското првенство во Алжир. Нецели 24 часа по елиминација на домашната селекција, „црвено-жолтите“ излегоа на мегдан со нивите врсници од Франција. „Триколорите“ притоа без проблеми се пробија до полуфинале по убедливите 33:17 и го испратија составот на Илија Темелковски да разигрува за пласман од петтото до осмото место на турнирот.

Лагард беше единствен ракометар во победничката селекција што не успеа да погоди. Ричардсон и Мокуа постигнаа по пет гола, Кеита и Пешмалбе по четири колку и Талески за Македонија. Одличен на голот беше Томовски кој, според официјалната статистика, забележа 12 одбрани меѓутоа и Мејер на спротивната страна имаше своја вечер и мечот го заврши со 15 интервенции.

Поразот од Франција и исфрување од борбата за распределба на комплетот одлучја, сепак, не е разочарувачки за Македонија. Минување на групата беше целта со која се почнаа подготовките во Скопје и се отпатува во Алжир, а таму и реализирана. Победите над Русија (29:22), над Буркина Фасо (48:20) и над Бразил (28:23) и поразите од Тунис (27:32) и од Шпанија (25:36) ја сместија Македонија на второто место во групата Ц.

Во осминафиналето беше премостен и Алжир, домаќин на турнирот, со 24:20, но Франција вечерва се покажа како пресилна и превисока пречка за младата ракометна репрезентација на Македонија.

Следува ден одмор, а вече во сабота „црвено-жолтите“ ќе играат со поразениот од вечерашниот дуел меѓу Данска и Русија за пласман од петтото до осмото место на СП 2017.

Франција – Македонија 33:17 (14:9)

Спортска сала: „Омниспорт Хацене Харча“ во Алжир. Гледачи: 800. Судии: Радојко Бркиќ и Андреј Јусуфхоџиќ (двајцата од Австрија).

Франција: Харбауи (3 одбрани), Мејер (15 одбрани), Лагард, Кеита 4, Мокуа 5, Билан 2, Ферандие 1, Ниембо 1, Маги 1, Пелајо 1, Камчоп 2, Пешмалбе 4, Лене 2, Ричардсон 5, Мем 2, Мине 3. Селектор: Јохан Делатре.

Седмерци: 1/1. Исклучувања: 6 минути.

Македонија: Томовски (12 одбрани), Даниловски, Лазаревски 3, Димитриоски 1, Јагуриноски, Нелоски 1, Танкоски 1, Велковски 3, Шилегов 1, Петровски 1, Талески 4, Кузмановски 2, Крстевски, Џонов, Палевски, Арсеновски. Селектор: Илија Темелковски.

Седмерци: 0/1. Исклучувања: 6 минути.

Македонија Ракомет У21 СП во Алжир Франција Четрт-финале
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.