Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СП во ракомет (У21): Македонија подобра од Буркина Фасо за 28 гола

0
By Нова ТВ on July 20, 2017 СПОРТ
Фото: macedoniahandball.com.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 20, 2017 23:28

Буркина Фасо се потврди како полесен тренинг за Македонија на младинското Светско ракометно првенство во Алжир. Избраниците на Илија Темелковски во целост ја оправдаа фаворитската улога и на крајот славеа со 48:20 во меч од второто коло во групата Ц по кое се и лидери на табелата.

„Црвено-жолтите“ по 17 минути се одлепија на плус 9 (11:2), предност што постојано ја надградуваа и на пауза заминаа со 15 гола разлика (23:8). Краток период во второто полувреме се играше гол за гол по што следуваше ресетирање на македонските ракометари за убедлив триумф по истекот на 60. минути.

Талески, Арсеновски и голманите Томовски (8 одбрани) и Даниловски (7 одбрани) беа единствените кои не поентираа во националниот тим во вториот настап на мундијалот во Алжир. Најефикасен беше Димитриоски со осум гола, Петровски постигна седум, противничката мрежа по шест пати ја тресеа Џонов и Палевски додека Лазаревски, Танкоски, Шилегов погодија по пет пати.

Во двата оостанати меча во групата Ц, Шпанија ја совлада Русија со 31:26, а Бразил беше подобар од Тунис со 36:29.

Утре (петок) на распоред се мечевите од третото коло во кое Македонија ќе игра против Тунис од 19 часот.

Буркина Фасо – Македонија 20:48 (8:23)

Спортска сала: „Омниспорт Хацене Харча“ во Алжир. Гледачи: 450. Судии: Мирза Куртагиќ и Матијас Ветервик (двајцата од Шведска)

Буркина Фасо: Мохамед Оедраого (2 одбрани), Т. Тиндребеого (5 одбрани), А. Тиндребеого 7, Мохамади Оедраого 3, Собеига, Надзига 1, Гуиро, Колого, Траоре 2, Д. Пода 2, С. Оедраого, Савадого 5, Илбоудо, Јамеого, М. Пода, Натама. Селектор: Баниен Ба Сирима.

Седмерци: 2/4. Исклучувања: 4 минути.

Македонија: Томовски (8 одбрани), Даниловски (7 одбрани), Лазаревски 5, Димитриоски 8, Јагуриноски 1, Нелоски 2, Танкоски 5, Велковски 1, Шилегов 5, Петровски 7, Талески, Кузмановски 1, Крстевски 1, Џонов 6, Палевски 6, Арсеновски. Селектор: Илија Темелковски.

Седмерци: 4/5. Исклучувања: 6 минути.

СП во ракомет (У21) – Алжир 2017

Група А, 2 коло

Чиле – Германија 25:51

Унгарија – Норвешка 22:31

Јужна Кореја – Фарски Острови 27:28

Табела: Германија 4, Норвешка 4, Фарски Острови 4, Јужна Кореја 0, Унгарија 0, Чиле 0.

Група Ц, 2 коло

Буркина Фасо – Македонија 20:48

Русија – Шпанија 26:31

Бразил – Тунис 36:29

Табела: Македонија 4, Шпанија 4, Тунис 2, Бразил 2, Русија 0, Буркина Фасо 0.

Буркина Фасо Македонија Ракомет У21 СП 2017
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 14, 2026

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

ВЕСТИ May 14, 2026

Кинескиот претседател Ши Џинпинг го пречека американскиот претседател Доналд Трамп во Пекинг со формална воена…

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

May 13, 2026

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

May 11, 2026

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.