Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасов избрка од работа социјален случај и пет други вработени

1
By Менче Атанасова Точи on July 27, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 27, 2016 15:48

Министерството за труд и социјала избрка од работа шест вработени во транзитниот центар Табановце. Одлуката им била соопштена усно преку трето лице, откако претходно по меил било испратено известување дека договорите за работа им се невалидни.  На сите шестмина отпуштени договорите им важат до крајот на октомври, а се потпишани од екс министерката  Фросина Ременски.  Една од нива е Софија Липа која останува социјален случај,  без работа.

„Јас останувам социјален случај, не ми следува ниту социјална помош бидејќи сум имала стан во кој живеам сама. Такво е образложението на социјалните служби. Ние сме избркани, а на наше место веднаш се примени веднаш нови луѓе блиски до ДМРО ДПМНЕ. Тројца од тие што имаат договори кои с е потпишани од Ременски останаа на работа, тие се исто така блиски до владеачката партија“, изјави з а НОВА Софија Липа.

izvestuvanje 27 07 2016

Освен Софија Липа отпуштени се и Елана Ванчевска,  Елена Станковска и уште тројца други кои работеле во транзитниот центар Табановце. Дел од нив работеле во администрација,а дел како технички персонал во кампот. Еден од нив има тешко болно дете, за кое требаат пари за лекување.

„Одлуката ја добивме на 29 јуни по електронски пат, а на неа стои дека Спасов ја потпишал на 15 јуни. Кога се пожалавме во Министерството за труд и социјала, одговорниот Дејан Ивковски ни рече да си продолжиме да работиме. Така работевме до пред некој ден, кога истиот тој се јавил телефонски кај една колешка и и кажал дека сме отпуштени од работа, да не доаѓаме повеќе. Какво е ова лицемерие?  Македонија вработува или отпушта? “, праша Софија Липа.

За само еден месец од кампот се отпуштени од работа 14 вработени кои дадоа се од себе во најголемата гужва со бегалската криза.

„Нас ни беше кажано дека договорите важат до крајот на декември и дека по потреба ќе бидат обновени. Дека остануваме на работа, па макар и само еден бегалец да има во транзитниот центар“, вели Ванчевска, една од отпуштените од работа.

Во моментот во транзитниот центар има 81 бегалец и работата си тече како и досега, но со нови вработени. Избрканите немаат не смеат да влезат таму.  Тие се обратиле во Министерството за социјала, но не добиле соодветен одговор.

Отпуштените кои се обратија во редакцијата на НОВА, велат дека таму работеле без никаква заштита, без здравствено и пензиско осигурување. Сметаат дека се отпуштени бидејќи не се членови на ВМРО ДПМНЕ.

„Дневно имавме по 2-300 бегалци и мигранти. Имаше разни заразни болести, шуга, сипаници и слично. Ние не бевме заштитени, го ризикувавме нашето здравје, велат нашите соговорнички.

Во Министерството за труд и социјала, портпаролот како и многу пати до сега не беше достапен на неговиот мобилен телефон.  Неофицијално, високи извори за НОВА од ова Министерство потврдија дека луѓето биле отпуштени бидејќи немале потписи и двајцата министри, Спасов и Ременски. Признаваат дека на некои кои имаат исто така само потпис од Ременски им се продолжени договорите, додека другите се отпуштени од работа. Ние само извршуваме наредби од „горе“, велат во Министерството.

За ваквата селективен и дискриминаторски однос на Министерството з а социјала тие пријавиле  во Хелсиншкиот комитет, Народниот правобранител и Трудовата инспекција.  Софија Липа побарала објаснување и од лидерот на ВМРО ДПМНЕ, но не била примена во седиштето на партијата.

 

 

 

 

отпуштени Спасов Табановце
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.