Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: Авганистанските државјани ќе бидат сместени во мотели, а не во кампови

0
By Biljana on August 18, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Авганистанските државјани ќе бидат сместени во мотели, а не во кампови или прифатни центри, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Владата презема обврска да сместиме околу 450 лица од Авганистан. Тие нема да бидат сместувани во никакви кампови, во никакви прифатни центри, ниту во Табановце, ниту во Гевгелија, ниту во центар за странци, едноставно тие ќе бидат сместени во хотели и во мотели, изјави вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за ТВ 21.

Нивниот престој, појасни, ќе го плати организацијата која ги носи, или за која работеле. Тие ќе бидат сместени во мотели, а државата, како што рече, ќе обезбеди целосна општествена поддршка, односно лекарски прегледи и се друго што ќе биде потребно.

„Владата ги задолжи МВР и Агенцијата за национална безбедност да ги спроведеме постапките што ќе значат добивање на виза за да можат да влезат на територијата на Република Северна Македонија овие лица. Ние ги очекуваме податоците, списоците за лицата кои ќе пристигнат, имаме за шест лица потврда, имаме за 180 лица кои се подготвуваат за кои се уште немаме точен датум или временси период во кој ќе пристигнат да ги провериме соодветно. Во тој момент кога ќе пристигнуваат ќе се завршат проверките и тие лица ќе дојдат и бидат сместени во хотелите“, рече Спасовски.

Со оглед на тоа дека овие лица работеле за САД, како и за меѓународни организации, додава Спасовски, секако тоа се лица кои биле проверувани од безбедносен апсект. Но, вели, ние тоа што е наша обврска го работиме заеднички.

„Тука не станува збор за никакви милитанти, екстремисти кои доаѓаат, туку граѓани, цивили, високообразовани, луѓе кои се залагале за човекови права. Ќе бидат тука одреден временски период и после тоа заминуваат или во САД или во некоја друга држава каде што им се обезбедува можност за престој“, наведе Спасовски.

Авганистан Оливер Спасовски повлекување авганистан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.