Денеска ќе се знаат сите информации околу случајот со дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов, рече денеска на прес конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
„Сите информации околу овој случај се речиси готови, но мора да ги направиме крајните подготовки и во текот на денов ќе ги добиете сите инфрмации. Сакам да знаете дека законите ќе важат за сите подеднакво“, рече Спасовски.
Инаку според информации од МВР, Спасов во петокот вечер возејќи служебен автомобил на Агенцијата за вработување удри две возила и избега од местото на настанот додека полицајците ја евидентираа неговата сопатничка.
Вината за сообраќајниот прекршок ја презема возач на Министерството за труд и социјална политика.