Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: Јавноста ќе ги види снимките за пајакот ако дозволи ОЈО

0
By Нова ТВ on March 22, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 22, 2018 08:10

Јавноста можеби ќе може да ги види снимките во случајот со нападот врз полицајката од функционерот на ДУИ Бекир Асани, доколку тоа го дозволи обвинителството, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата Топ-тема на Телма.

Тој вели дека лично не ја гледал снимката и оти не може да каже дали навистина полицајката се удрила од пајакот.

– Случајот предизвика внимание во јавноста затоа што тој истиот учестувувал во напади врз новинари и други лица и тоа создава револт во јавноста. За конкретниот случај е утврдено дека имало само вербални закани и навреди и врз основа на тоа е поднесена пријава за омаловажување, рече Спасовски и додаде дека полицајката ја кажала вистината и не била под притисок да ја смени изјавата пред него.

Тој рече дека Асани бил приведен во полициската станица Бит пазар, каде дал исказ, кој е внесен во материјалите во постапката покрената од обвинителството, но и поради заканите кон претседателот на ЗНМ Насер Селмани, за што исто така е отворена постапка.

Во однос на приведувањето на Драган Симоновски, советник во кабинетот на министерот за внатрешни работи, Спасовски рече дека не е партиска пресметка.

Симоновски беше приведен на почетокот на месецот првично поради сомнение за поткуп, а потоа се покажа дека во текот на февруари во својство на службено лице, распореден со наредба, државен советник за полициски и криминалистички работи во Кабинетот на министерот за внатрешни работи, носител на безбедносен сертификат „државна тајна“, одал службена тајна на лице кое било предмет на посебни истражни мерки.

– Тој не може и не треба да ги знае тие информации, такви информации не треба да знам ниту јас, а како дошол до тие пи-мерки ќе покаже истрагата. Информациите можел да ги добие од три извори од МВР, ОЈО или од судот. Ова е инцидентет случај, додаде тој.

Нагласи дека оперативни информации истекувале со години и оти сега прашање е да се воспостави систем во интерес на заштита на граѓаните и државата.

Асани истрага обвинителство МВР пајакот Симоновски Спасовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.