Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: Не постојат посериозни индиции за зголемен мигрантски бран

0
By Biljana on July 14, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во овој момент не постојат посериозни индиции дека може да дојде до зголемување на мигрантскиот бран, меѓутоа државата е подготвена да одговори на сите предизвици, истакна денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање дали сме подготвени за евентуален нов мигрантски бран со оглед на новонастанатата ситуација во Авганистан за која јавуваат светските медиуми.

Тој наведе дека во моментот нема зголемување на илегални обиди, генерално ако споредиме со претходните години, меѓутоа тоа не значи дека нема утре да се случи.

„Ние како држава сме подготвени и имаме два транзитни центри на територијата на Република Северна Македонија. Не остануваат и нема да остануваат мигранти, туку само транзитираа во моменти кога беше функционална Западнобалканската рута“, рече Спасовски.

Според него, денес за Северна Македонија се зборува како држава што не е атрактивна за поминување на мигрантите низ оваа рута, заради тоа што постојат сериозни контроли.

„На стратешко ниво МВР е поставено со посебна оперативна обработка што е исклучиво во функција на намалување на илегалната миграција и трговија со луѓе и за тоа постојат показатели и податоци за разбиени организирани криминални групи. Во тој дел државата е добро поставена за да немаме каков било проблем од евентуално зголемување на мигрантскиот бран“, изјави министерот Спасовски.

Тој нагласи дека земјава е многу добро поставена во делот на заштита на државните граници. Многу е важно за справувањето со миграцијата, како и со другите глобални предизвици, рече Спасовски, да се изградат заеднички политики и ние тоа го правиме, учествуваме на сите регионални иницијативи и генерално соработуваме во креирањето на политиката и на ЕУ.

МВР Мигранти мигрантски бран Оливер Спасовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.