Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: Нема застој за издавање на лични документи, зголемена е побарувачката

0
By Sashko on June 23, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при денешната посета во Берово информира дека поради миграција на системот, вечерва во 21 часот ќе следи мал застој во системот за издавање на патни документи и лични исправи. На новинарско прашање зошто има проблеми при издавањето на лични документи одговори дека лични документи се издаваат и сега, но поради ковид-пандемијата била зголемена побарувачката за нив, заради што се стекнал впечаток дека има застој во издавањето лични документи.

– Лични документи се издаваат и сега. Едноставно имаше поголема побарувачка поради позната ситуација со ковид-пандемијата, при што многу од луѓето не виделе дека им истекуваат личните документи. Имаме најава дека од денеска од 21 часот ќе имаме миграција на податоци во новиот систем, тоа е процедура која мораме да ја завршиме бидејќи на тоа нè обврзуваат и законите и уставот. Веќе од понеделник повторно почнуваме со нормално функционирање, рече Спасовски

Тој дополни дека поради најавената миграција, можен е застој за време на викендот и затоа апелираше на трпeливост кај граѓаните.

– Апелирам за трпение кај граѓаните, ние затоа и го променивме законот, од  јули сите оние на кои им истекле патните документи и исправи, тогаш ќе продолжат да важат до крајот на годината и едноставно како што е редот за секој од нас, термините како што ги добиваме, така да може да ги извадиме и документите. Значи повторувам нема застој, а застојот вечерва ќе биде заради миграција на податоци во новиот систем, дополни министерот за внатрешни работи, Спасовски.

Спасовски во Берово присуствуваше на откривање на спомен обележје на четворицата бранители кои загинаа во воениот конфликт во 2001 година.

Издавање лични документи Македонија МВР Оливер Спасовски систем
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.