Премиерот Оливер Спасовски најави почеток на враќање на процесот во нормала по првомајските празници.
„Подготвуваме сериозен план по првомајските празници да почне процесот на враќање на животот во земјава во нормала. Тоа нема да биде бргу, ниту веднаш“, напиша Спасовски на својот Фејсбук профил.
Премиерот Спасовски пред два дена на онлајн видеосесијата „ковид-19 ретроспектива: коронавирус МК“, информира дека се прави сериозен план за тоа како и на кој начин после 1 мај да се почне со олеснување на дел од мерките кои ќе бидат во функција на враќање на животот во нормала.