Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Специјализанти:Итно да се расчисти случајот во Брзата помош

0
By Нова ТВ on June 27, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Итно расчистување на случајот со студентката која била вработена како доктор во Итната медицинска помош и санкционирање на сите одговорни инволвирани лица кои овозможиле да таа да дава здравствени услуги и да го загрозува здравјето и животот на пациентите, бараат Група на лекари специјализанти при Медицински Факултет на УКИМ. Нивното соопштение го пренесуваме во целост.

„Групата на лекари специјализанти од Медицински факултет УКИМ изразува длабока загриженост и вџашеност од последниот скандал во јавното здравство, каде е утврдено дека недипломиран лекар бил вработен во ЈЗУ “Здравствен дом – Скопје” и самостојно, без никаков надзор давал услуги во службите за Итна медицинска помош, со што воедно била загрозена и безбедноста и животот на пациентите кои побарале услуга од оваа служба.

Овој случај ја доведува под знак прашалник функционалноста на здравствените институции и истовремено има негативен импакт фрлајќи црна дамка врз професионалноста, довербата и достоинството на целата лекарска фела.

Го повикуваме Министерот за здравство и надлежните да не го игнорираат случајот и итно да преземат мерки за негово расчистување и санкционирање на сите одговорни инволвирани лица.

Бараме и очекуваме од надлежните во најкраток можен период да дадат одговор на следниве прашања:

Врз основа на кои документи колешката била вработена во Здравствен дом Скопје со оглед на тоа што во моментот на вработување немала Уверение за завршен Медицински факултет и Лиценца за работа?

Која фирма/институција и врз основа на кои документи изготвила факсимил со титула”доктор на медицина”којшто бил користен за официјална медицинска документација?

Кои одговорни лица дозволиле колешката да се вработи и работи без надзор и самостојно да води смени и дали тие лица ќе бидат санкционирани?

Кој би преземал одговорност долку во оваа ситуација дополнително се појават и случаи со трајни оштетувања или евентуално смрт како последници од несоодветно лекување или лекарска грешка?

Во оваа прилика, длабоко разочарани, го потсетуваме Министерот за здравство дека моментално во јавното здравство работат околу 500 лекари приватни специјализанти, кои и покрај тоа што ги исполнуваат сите услови да бидат вработени согласно закон и стручност и понатаму секојдневно работат без денар плата и без пензиско и здравствено осигурување“, се вели во реакцијата на Група специјализанти при Медицински Факултет на УКИМ.

 

санкционирање специјализанти студентка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.