Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Специјалниот пат на Шведска во кризата со коронавирусот

0
By Нова ТВ on March 26, 2020 ВЕСТИ
Фото: msn.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Колку долго Шведска ќе се држи до својот курс во кризата со коронавирусот? – Додека во повеќето земји од ЕУ животот е замрен, Стокхолм се потпира врз разумот на своите граѓани, а не врз забрани. Но, бројот на инфицирани расте. Шведските здравствени власти регистрираа над 2.300 инфицирани лица со Ковид-19, а 36 од нив починаа.

„Инфекцијата се шири. Загрозени се животот, здравјето и работните места. Ќе се разболат повеќе луѓе и повеќе луѓе ќе мора да се простат од свои роднини“, рече шведскиот премиер Стефан Левен во неделното обраќање до нацијата.

За разлика од Германија, јавниот живот во Шведска досега не е замрен. Владата во Стокхолм нема изречено ограничувања за излегување или забрани, туку има дадено само препораки. Според нив, населението би требало да остане колку што е можно повеќе дома, да не патува непотребно и да ги ограничи контактите со постарите лица.

Продавниците и рестораните остануваат отворени, влез на ЕУ-граѓани во Шведска и натаму е дозволен, исто како и одржување на манифестации со максимум 500 лица. Градинките и основните училишта функционираат нормално, додека средните училишта и универзитетите изведуваат онлајн настава. Домашните скијачки центри сметаат на голем наплив на гости пред и за време на велигденските празници.

Саскија Пантел, претседателка на ционистичката федерација на Шведска, на Твитер објави слика од полни барови и ресторани, во кои младите луѓе се стискаат еден до друг и уживаат на пролетното сонце.

„Ова е лудило. Се плашам што сум во Шведска за време на кризата со коронавирусот“, напиша таа на социјалните мрежи.

Уредничката на рубриката за Европа во шведската платформа „Локал“ посакува Шведска да го следи германскиот пример и да воведе ограничувања на контактите.

„Мислам дека тоа и ни е потребно“, напиша Кетрин Едвардс за која обраќањето на премиерот Левен до нацијата не е доволно.

Инфицирани, па што?

Под се поголем притисок е, пред се, Андерс Тегнел, највисок по функција виролог во Шведска. Тој на 5 март изјави дека ширењето на епидемијата го достигнало својот максимум. Во тој момент во земјата имаше 94 инфицирани лица, додека во меѓувреме се над две илјади.

Потоа, во телевизиско интервју на 18 март, тој рече дека лицата кои живеат во домаќинство со инфицирано лице и натаму може да одат на училиште или на работа. Ваквите изјави кај многу граѓани во Шведска предизвикаа вџашеност.

Фото: dw.com

Со оглед на велигденските празници, во текот на кои многу Швеѓани одат на скијање, самите компании кои управуваат со скијачките центри воведоа построги контроли. Државната телевизија СВТ објави дека скијачкиот регион Јамтланд Харједален ги замолил здравствените власти да воведат построги правила.

Во текот на изминатиот викенд стотици туристи се забавуваа во клубовите во регионот. Поради бранот на огорченост што тоа го предизвика, многу ресторани и клубови во местата Аре, Сален и Идре во меѓувреме затворија.

Шатдаун во Данска

Во соседна Данска владата веќе нареди шатдаун. Данската премиерка Мете Фредериксен, која од страна на домашниот печат го доби името „врховен командант во корона-кризата“, на 14 март нареди затворање на границите. Забранети се манифестации со повеќе од сто лица. Затворени се универзитетите, училиштата, градинките, библиотеките и културните институции.

Шведската влада се спротивставува и на трендот препорачан од страна на Светската здравствена организација (СЗО) во врска со тестирањето. Во првите недели на епидемијата можеа да се тестираат сите погодени лица со симптоми на болеста откако се вратиле од патување од ризични региони или имале контакт со инфицирани лица.

Во меѓувреме се работи во прва линија на заштита на загрозените групи. Сега во прв ред се тестираат луѓе со проблеми на дишните патишта или припадници на ризични групи. Здрави пациенти кои покажуваат симптоми на коронавирусот, според укажувањето на здравствените власти, треба да останат дома и не се тестираат.

Нема време за тестови

„Веќе немаме време да чекаме резултати од тестирања. Мора да работиме побрзо и да одиме чекор подалеку од тестирањето. На сите погодени им препорачуваме да ги ограничат своите социјални контакти“, вели микробилогот Карин Тегмарк Висел од шведскиот институт за здравје „Фолкхалсомундигхетен“.

Кетрин Едвардс се надева дека ваквата стратегија ќе функционира. Со оглед на вестите од Италија, многу Швеѓани, независно од тоа што препорачува владата, ќе се одлучат да останат дома. Во Стокхолм улиците се празни, а повеќето кина и театри затворија и покрај тоа што нема таква забрана.

живот Коронавирус Шведска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.