Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Според обвинетиот Велибор Манев, Панче Жежовски не требало да биде убиен, „останал без зборови“ кога Палчо го застрелал

0
By Marija Todorovska on March 12, 2025 ВЕСТИ
Фото: МИА
Фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 12, 2025 12:31

Велибор Манев денеска пред Основниот кривичен суд во Скопје, рече дека се познава со сите обвинети, освен со таткото на убиеното девојче, и дека за грабнувањата ги координирал Љупчо Палевски Палчо. Манев, одговарајќи на прашања од неговиот бранител, рече дека сметал оти требало да извршат само грабнување на Панче, а се изненадил кога Палчо го застрелал.

Манев, рече дека со сега покојниот Панче Жежовски се познавал и дека работел на негова куќа пред 15-16 години, од кога му останал должен и не му исплатил за завршената работа.

 Бараше сечени камења да му се реди дел на влезот од куќата, една од најскапите материјали и варијанти на изведба во градежништво. Кажал на неговите дека должел 500 евра, а беа 1500 евра, тогаш се скаравме, во лутината му извадив едно камионче 12-13 квадрати од бекатон плочките што му го редев и тој повика полиција. Таа направи записник, ме опоменаа дека не смеам така да постапуваме и да се однесувам, дигнав раце од сето тоа, и толку. Уште еднаш отидов кај него тогаш, му побарав уште еднаш парите што ми ги должи, ме избрка, дојдов до степен да го тепам, но не го сторив тоа, дигнав раце и оставив на Господ. Тоа беше сѐ од контактот и познавањето со Панче, рече Манев.

Манев, пред Судот кажа дека тој ја однел полицијата од СВР Велес на местото рудник во Велес, каде заедно со Влатко Кешишев ископале земуница, за која рече била ископана во 2022 година со цел „да се чуваат грабнатите лица и оттаму да се пуштат на слобода откако ќе се изврши наплата“.

 Првично требаше Панче Жежовски да биде грабнат. Да биде спуштен во земуницата, врзан со бетонски тег, со ланец за ногата и тегот, да не може да излезе, да се искористи неговото возило за грабнување на особа, жена од 38-40 годишна возраст и откако ќе се грабне таа, Панче да се извади, да се направи замена на грабнатите, Панче да се пушти со колата да си замине, а жената да биде чувана додека не се изврши наплатата, изјави Манев.

За одлуката за грабнување на Жежовски, Манев рече дека Палевски „околу месец и пол пред грабнувањето на лицата барал некоја кола необележана, крадена за да може да го извршиме грабнувањето“.

Не можеше да се најде таква кола, по негов предлог, предложи да бараме нели единец, сам, што ќе може да му ја искористиме колата и за кратко време да биде пуштен. Седевме во канцеларија и ми дојде на ум не платениот долг на Панче Жежовски . Му кажав дека има тука кај мене еден што ме измамил, што ми го земал лебот, па би можеле да го искористиме тој човек за целите на грабнување, изјави Манев.

Манев, посочи дека на почетокот биле тој, Љупчо Палевски и Влатко, по што предложил и Боре да разговара со Палчо за евентуално приклучување, како четврти член на групата, а дека Жежовски го грабнале на 23 ноември, по што пред Судот, во детали го објасни грабнувањето.

 Стигнавме до земуницата со колата, пред нас цело време возеше пик апот, во него беа Љупчо Палевски и Влатко Кешишов, а Боре и јас во колата на Жежовски. Го изнесовме од колата, го однесовме до самиот отвор на земуницата, го спуштивме тука за да можеме да го пуштиме долу по скалите. Откако се наведнав да го одврзам Љупчо Палевски, наеднаш му испука куршум во слепоочница на Панче Жежовски, јас останав без зборови, срипав од местото и излегов надвор од шумичката, изјави Манев.

Манев, рече дека кога го прашал Палевски зошто го сотирл тоа, тој му рекол дека така е почисто и дека нема што да се секира.

 Јас му реков дека не сакам вака да продолжам затоа што за вакво нешто не сум ни помислил и тогаш прв пат ме подбутна со раката и ми вика, цитирам „да не расипуваме пријателство, имаш убава фамилија“, изјави Манев.

После убиството, земуницата Манев рече дека стоела отворена неколку дена, по што се јавил Палевски и рекол да го затрупаат местото за да не почне да мириса.

По убиството Манев рече дека по наредба од Палевски возилото на убиениот Жежовски го возел до Скопје, кое го паркирал на паркинг кај надвозникот на пругата кај Хиподром.

Вања Ѓорчевска Велибор Манев грабнување Палчо Панче Жежовски судење убиство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.