Александер Омот Килде триумфира во денешната спуст трка од Светскиот куп во алпско скијање што се возеше во италијанска Вал Гардена. Времето што притоа го оствари Норвежанецот беше 1:56,13 минути или 86 стотинки подобро од Австриецот Макс Франц на второто место и 92 стотинки од третопласираниот Беат Фојц од Швајцарија.

Трката, сепак, ја одбележа стравичниот пад на Швајцарецот Марк Гисин кој загуби контрола при еден скок и жестоко падна на грб. Од силината на ударот, по инерција, следуваше нов отскок и вториот пад беше на глава. По 20. минутното укажување на прва помош крај патеката Саслонг беше транспортиран со хеликоптер во болницата во Болцано што се наоѓа на 40. километри од Вал Гардена. Констатирана е фрактура на карлицата, но лекарите соопштија дека Гисин е во стабилна состојба.

https://www.youtube.com/watch?v=C8leOXvqa38

Со освоеното второ место, Франц, кој претходно победи во спустот во Лејк Луис и во супервелеслаломот во Бивер Крик, го презеде водството во генералниот пласман од Норвежанецот Аксел Лунд Свиндал.