Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Србија вечерва молчеше 16 минути – одбележани десет месеци од трагедијата во Нови Сад

0
By Zoran Ivanov on September 1, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 1, 2025 21:42

Во повеќе градови низ Србија денеска се одбележаа десет месеци од трагедијата на Железничката станица во Нови Сад, кога поради пад на надстрешница загинаа 16 лица, меѓу кои и две деца.

Точно во 11:52 часот, граѓаните на најпрометните раскрсници и улици застанаа во тишина – 16 минути, во знак на сеќавање и почит кон жртвите.

Новосаѓани се собраа на повеќе локации, меѓу кои кај Железничката станица, кај зградата на Бановината, на Булеварот на цар Лазар и на Стражиловска. Со молкот тие се потсетија на трагичниот 1 ноември 2024 година, кога се случи несреќата. Подоцна во текот на денот средношколците, со поддршка од студентите, најавија протест под мотото „Средношколците паметат“.

И во Ужице, граѓаните ја оддадоа почит на жртвите. По собирот на „Трг партизана“, тие се упатија кон Основното училиште „Душан Јерковиќ“, каде беше најавен протест против отпуштањата на наставниците.

Во Ниш, комеморативниот собир започна пред Основниот суд, по што следеше протестна прошетка до зградата на “Бановината“. Со транспаренти и перформанс од 16 празни столици со бели рози, студентите и граѓаните порачаа: „10 месеци, 16 жртви – ниту еден одговорен“.

Во Параќин граѓаните се собраа на кружниот тек кај средните училишта, во чест на својата сограѓанка Ања Радоњиќ, 15-тата жртва на трагедијата, која студирала кинески јазик и во Нови Сад отпатувала за да го прослави завршувањето на студиите.

Во Чачак, Нови Пазар и Краљево, граѓаните исто така застанаа во 16-минутна тишина.

Во Белград, молкот беше одржан на Булеварот на кралот Александар, а подоцна беше организирана голема комеморативна прошетка на средношколците, на која се приклучија и студенти, како и бројни граѓани.

Со овие собири јавноста уште еднаш потсети дека за трагедијата во Нови Сад, во која загинаа 16 луѓе, сè уште нема одговорни лица изведени пред правдата.

 

10 месеци комемнопрација настрешница Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

ВЕСТИ June 22, 2026

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на…

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.