Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Србија за неутралност, Македонија за НАТО – да се почитува изборот

0
By Нова ТВ on November 21, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 21, 2017 14:29

Претседателот на Србија Александар Вучиќ на денешната средба со македонскиот премиер Зоран Заев во Белград истакнал дека Србија е искрен пријател на Македонија чија определба за добри односи и унапредување на соработката не треба да се доведуваат во прашање.

Како што соопшти прес службата на српскиот премиер, Вучиќ ја искажал поддршката на Србија за Македонија на патот кон европските интеграции.

Во тој контекст Вучиќ истакнал дека Србија ја избрала воената неутралност, додека Македонија го избрала НАТО, но дека е важно секоја од земјите да го почитува изборот на другата.

Притоа тој истакнал дека заедничката цел и најголем интерес на двете земји треба да бидат мирот и   стабилноста во регионот и дека Србија е отворена за сите иницијативи кои придонесуваат кон тоа.

Посебно е истакната потребата од инфрастрктурно поврзување, како и за зголемување на економската и трговската размена.

Во тој контекст, премиерот Заев истакнал дека треба да се искористат сите можности, трговската размена да достигне милијарда евра.

 

Заев притоа предложил поедноставување на царинските процедури на граничните премини, односно царинската процедура што ќе се спроведе во едната земја, да важи и во другата, со што би се намалиле колоните и ќе се забрза протокот на луѓе и стоки.

Прес службата на македонската Влада соопшти дека е разговарано да продолжат заедничките проекти на двeте држави во однос на евроинтеграциите.

Од особен интерес е соработката и на безбедносните прашања, економската и социјална благосостојба на граѓаните на двете земји, како и регионалните иницијативи за кои и од Република Македонија и од Република Србија има особено голем интерес.

Република Македонија и Република Србија ќе ги реафирмираат идеите за соработка на одбележувања на значајни настани, датуми и културно-историски места од интерес на двете земји, како и конкретна соработка на културен план на ниво културно-информативни центри во двата главни града.

Отворени се многу проекти за соработка за време на оваа средба за кои ќе следуваат конкретни подготовки и динамика која ќе биде потврдена на најавената заедничка владина седница која ќе се одржи наскоро.

Фото: b92.net

На средбата во „Палата Србија“, македонскиот премиер на својот српски домаќин му подари дрес на фудбалскиот клуб Вардар со бројот девет и негово презиме на задната страна.

Белград дрес Вардар Зоран Заев. Александар Вучиќ средба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.