Претседателот Ѓорге Иванов имаше средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија во Република Македонија, соопштија од кабинетот на претседателот.
На средбата Иванов ги запознал амбасадорите со мотивите и со целта што сакал да ја постигне со одлуката за помилување, односно ослободување од гонење без спроведување постапка, како и со контекстот и со сите аспекти поради кои е донесена одлуката.
Амбасадорите ги изнеле позициите и загриженоста на земјите што ги претставуваат во врска со одлуката и со политичката криза.
На средбата, исто така, биле разгледани и состојбите со мигрантската и со безбедносната криза, како и предизвиците што произлегуваат од нив.