Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Средба на лидерите од Западен Балкан во Драч

0
By Нова ТВ on August 27, 2018 ПОЛИТИКА
Архива (Драч)
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Албанскиот премиер Еди Рама денеска во Драч ќе биде домаќин на неформалниот состанок на премиерите од земјите на Западен Балкан, а на кој ќе присуствува и еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан.

На состанокот ќе присуствуваат македонскиот премиер Зоран Заев, претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ, црногорскиот премиер Душко Марковиќ, како и косовскиот премиер Рамуш Харадинај, претседателот на на Европската банка за обнова и развој ЕБОР, Сума Чакрабарти. Своето учество се уште го нема потврдено премиерката на Србија Ана Брнабиќ, а бугарскиот премиер Бојко Борисов ја откажа посетата на Драч поради сообраќајната несреќа кај Своге во која загинаа 16 лица, а давесеттина се повредени.

Во соопштението од кабинетот на премиерот Рама, се наведува дека тема на средбата ќе биде заедничката визија за стратегијата за интеграција во Европската унија, зајакнувањето на регионалната економска зона, договорот за роаминг и започнување на разговори за реципрочно признавање на академските и професионалните квалификации.

Состанокот ќе се одржи во владината вила во Драч, а планирано е да започне во 10 часот, додека на пладне ќе има заедничка прес- конференција на премиерите и Хан.

Според албанските медиуми, овој состанок се одржува во време кога меѓу Косово и Србија е почната „жешката фаза“ онаа, како што се наведува, за корекција на границите, која треба да заврши со признавање на независноста на Косово од страна на Србија.

Првиот неформален состанок премиерите од Западен Балкан го имаа лани на 26 август исто така во Драч. На него, освен еврокомесарот Хан присуствуваше и потпретседателот на Светската банка за Европа и Азија Сирил Милер.

Драч Западен Балкан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.