Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Средба Заев- Варвициотис: Пријателството и стратешкото партнерство меѓу двете земји има силно регионално значење

0
By НОВА ТВ Balaban on October 15, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 15, 2021 12:13
На средбата како посебно важни беа истакнати проектите во енергетиката како стратешка и приоритетна дејност за двете земји за што сведочат веќе потврдените проекти за соработка и за заеднички инвестиции кои имаат и силно регионално значење и потенцијал.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, денеска го прими алтернативниот министер за надворешни работи на Грција задолжен за европски прашања, Милтиадис Варвициотис, кој е во работна посета на нашата земја.

Премиерот Заев им посака добредојде на алтернативниот министер за надворешни работи на Грција задолжен за европски прашања, Варвициотис, и на членовите на неговата делегација и истакна дека нивната посета се остварува во период на интензивна билатерална соработка меѓу Северна Македонија и Грција, која од Договорот од Преспа секојдневно се проширува и расте.

На средбата како посебно важни беа истакнати проектите во енергетиката како стратешка и приоритетна дејност за двете земји за што сведочат веќе потврдените проекти за соработка и за заеднички инвестиции кои имаат и силно регионално значење и потенцијал.

За време на разговорот од двете страни беше потенцирано задоволството што го нагласуваат инвеститорите од Грција за соработката со Владата на Северна Македонија, која, како што беше кажано, е дополнителен мотив и испраќа силна порака дека бизнис заедницата на Хеленската Република има пријателска средина за инвестиции во нашата земја.

На средбата беше потврдено дека од исклучителен заеднички интерес и стратешка цел на двете земји е Северна Македонија колку што може поскоро да ги започне пристапните преговори со ЕУ, и дека Грција во таа насока ќе продолжи со силната поддршка.

Премиерот Заев истакна дека за Република Северна Македонија напредокот во интеграцијата во ЕУ првенствено треба да зависи од домашните реформи поврзани со постигнувањето на европските стандарди, а не од билатералните прашања, и дека во таа насока земјата има постигнато огромен напредок во усогласувањето на домашната легислатива со онаа на ЕУ, како резултат на интензивниот процес на реформи и за европеизација на сите сегменти на општеството.

На средбата претседателот на Владата Заев повтори дека е отворена поканата премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис да ја посети Република Северна Македонија, и дека секоја посета, како оваа на алтернативниот министер за надворешни работи на Грција задолжен за европски прашања, Милтиадис Варвициотис е придонес за унапредување на пријателството меѓу двете земји.

Зоран Заев Милтиадис Варвициотис средба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.