НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Среќен ден за Тајланд: Спасените деца од пештерата си заминуваат дома

0
By Нова ТВ on July 18, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дванаесетте момчиња и нивниот фудбалски тренер кои беа спасени од поплавената пештера во северен Тајланд, денеска треба да ја напуштат болницата и да се вратат дома.

Тие се наоѓаа во болница во Чианг Раи од минатата недела, кога беа извлечени од пештераниот комплекс Там Луанг во драматична тридневна операција. Во пештерата беа од 23 јуни до 10 јули кога операцијата за спасување официјално заврши.

Прв и последен настап во јавноста

Тие за првпат ќе се појават во јавност на прес конференција вечерва и ќе одговараат на прашања во врска со нивното  искушение.

Потоа ќе се вратат во своите домови и семејства, велат официјалните претставници.

-Причината што одлучилме да има прес конференција е да можат медиумите можат да им ги постават сите прашања, по што тие да можат да се вратат дома и да продолжат со нормалниот живот без да бидат под притисок на медиумите , изјави за новинската агенција АФП главниот владин портпарол на Тајланд, Сунсерн Каукумнер.

Гувернерот на Провинцијата Чанг Раи, Прахон Пратсукан, додаде дека ова ќе биде нивно “единствено официјално интервју”, и дека “по ова веќе нема да разговара со медиумите”.

Сите новинари кои сакаат да постават прашања, прво морале да ги достават до владината служба, кои биле проверени и од психијатар за да се гарантира дека тие нема да ги вознемират децата.

Можно е по денешниот ден, децата да бидат кусо сместени во некој  будистички храм, што е своевидна традиција во Тајланд за лица кои доживеале несреќа.

Кои се момчињата и нивниот тренер?

За капитенот  на тимот Дуганпет Промтеп со прекар Дом  (13), се вели дека е мотиватор и многу почитуван од неговите соиграчи. Тој наводно бил баран од неколку тајландски професионални клубови.

Адул Сем-он (14), роден во Мјанмар, зборува неколку јазици тајландски, бурмански, кинески и англиски и е единствениот член на тимот кој можел да комуницира со британските нуркачи кога бил остварен прв контакт со нив.

Адул Сам он

На 17 роденден на Пеерапат Сомпиангаи со прекар Најт, кога групата остана заробена во пештерата. Ужината што момчињата ја носеа со нив за да прослават, најверојатно, им помогнаа да го преживеат своетото најтешко искушение.

Сомпиангаи

Тренерот Екапол Чантавонг (25) со прекар Аке бил физички најслаб од групата кога беа пронајдени, бидејќи тој, наводно, одбил да јаде од храната и наместо тоа им ја давал на момчињата.

Чанин Вибулрунфруанг, со прекар Титан (11) е најмладиот во тимот. Почнал да игра фудбал на  седум години пред да стане дел од спортскиот клуб во училиштето. Подоцна бил повикан да се приклучи на фудбалскиот клуб Диви вепри.

Порнчаи камлуанг со прекар Ти (16) е одбранбен играќ во тимот. Тој од пештерата им пратил порака на родителите да не се грижат и дека е многу среќен.

Монгол Бонеиам со прекар Марк (12) го нарекуваат учител и многу почитуван во тимот. Тој со мајка му се преселил од Мјанмар.

Децата му оддадоа почит на починатиот нуркач, поранешниот морнар Саман Гунан кој загина во спасувачката мисија додека се враќал да ја обезбеди групата со резервоари за кислород.

 

 

деца пештера Тајланд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025
ФОКУС

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

ВЕСТИ August 24, 2025

Санкт Петербург и Ленинградската област вчера беа цел на напади со беспилотни летала, што предизвика…

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.