Протестот на здружената српска опозиција заврши попладнево околу 18 часот. Граѓаните кои се упатија од српскиот Парламент пред полициската станица „29 ноември“ се разотидоа, откако Бошко Обрадовиќ, еден од лидерите на Сојуз за Србија (СЗС), даде рок до властите до утре во 15 часот да бидат ослободени сите лица кои беа приведени за упадот во зградата на РТС.
Српските медиуми јавуваат дека полиција сè уште останува во кордон во близина на објектите на кои е распоредена, но без заштитни капи.