Српскиот воз на кој на 21 јазик пишува „Косово е Србија“ и чија внатрешност е украсена со мотиви од културно – историската историја на Косово и Метохија од утре има нова тура – ќе сообраќа секој ден од Ниш до Мердаре, административна линија со Косово.
По првобитниот план, овој воз требаше редовно да сообраќа на линија Белград – Косовска Митровица, но не успеа да ја заврши првата релација. Српскиот воз на 14. јануари беше запрен во Рашка поради закани дека пругата е минирана, односно откако специјалните единици на косовската полиција ги опколија шините.
Косовските власти не дозволија возот да влезе во Косово, бидејќи според нив, возот е провокација, со големосрпски идеи и примитивизам.