Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Српскиот разунавач Живаљевиќ дејствувал вон дипломатските протоколи

6
By Нова ТВ on May 26, 2017 ПОЛИТИКА
Селфи на Живаљевиќ во Собранието на РМ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Горан Живаљевиќ, офицерот на српската разузнавачка агенција ­ БИА, дипломат и советник во српската амбасада во Скопје на 27 ­ ми април, за време на инцидентите бил во Собранието и направил селфи со разулавената топла во позадина во собраниската сала.

Неговото присуство во Парламентот за време на крвавиот четврток отвори многу прашања. Каква била улогата на Горан Живаљевиќ во насилните протести во Парламентот, бидејќи оваа постапка е надвор од протоколот на дипломатите?

Горан Живаљевиќ тврди дека бил присутен во Собранието по службена должност за да види дали во инцидентите учествуваат и лица од Србија, навивачи или екстремисти.

Живаљевиќ на дипломатска мисија во Македонија е од јули 2015, како припадник на српската разузнавачка служба БИА и акредитиран офицер за врска со Агенцијата за разузнавање и Управата за безбедност и контраразузнавање на Македонија во српската амбасада во земјава.

Живаљевиќ ја прекршил „Виенската конвенција“

Безбедносни експерти за НОВА ТВ велат дека симптоматично е што единствено разузнавач од српската агенција бил загрижен да види државјани од неговата земја дека учествувале во инцидентите. Досега не е забележано присуство на ниту еден друг разузнавач од друга земја.

Според „Виенската конвенција за дипломатски односи“, дипломатите имаат имунитет и привилегии, но и обврска да ги почитуваат законите во земјата во која што се акредитирани.

„Сите лица кои уживаат привилегии и имунитети должни се да ги почитуваат законите и прописите на државата на која се акредитира. Тие, исто така, должни се да не се мешаат во внатрешните работи на таа држава“, пишува во конвенцијата.

„Сите службени работи со државата кај која се акредитира, мора да се водат со Министерството за надворешни работи на државата кај која се акредитира или со негово посредување, или со некое министерство за кое е договорено“, е наведено понатаму во конвенцијата.

Во случајот  на Живаљевиќ тоа е Министерството за внатрешни работи. Тоа значи дека доколку Живаљевиќ побарал информација од МВР за активности на српски екстремисти за време на инцидентите во Собранието, министерството е должно тие да му ги достави. Но, Живаљевиќ тоа не го сторил и на своја рака влегол во Парламентот, објаснуваат за НОВА ТВ безбедносни експерти.

Белград во одбрана на Живаљевиќ

Инаку, денеска српската амбасадорка во Скопје, Душанка Дивјак Томиќ, беше повикана во МНР за да објасни што барал нејзиниот советник Горан Живаљевиќ во Собранието на 27. април. По разговорот на амбасадорката со директорот на Директоратот за билателерални односи со земјите од Југоисточна Европа при МНР, Горан Тефчевски, МНР не побара отповикување на Живаљевиќ.

Претходно српскиот премиер Александар Вучиќ и шефот на дипломатијата, Ивица Дачиќ, изјавија дека Живаљевиќ не се мешал во внатрешните работи на Македонија.

„Не извршил никакво дело, не се мешал во внатрешните работи на Македонија и затоа нема причина кој било да протестира против нас поради тоа. Негова задача е тој да не информира“, изјави Дачиќ.

Три мандати во Скопје

Дипломатската функција во Македонија ја извршува во три одделни мандати во периодот од 2005 година до денес. Одреден период ја вршел функцијата заменик директор на БИА во Белград, а како резултат на блиските релации со поранешниот српски претседател Борис Тадиќ од 1 април 2005 година бил акредитиран во српската амбасада во Скопје.

Во јуни 2006 година ненадејно бил повлечен од Скопје. По реизборот на српскиот претседател Тадиќ во март 2008 година, во текот на 2009 Живаљевиќ се враќа на истата дипломатска функција во Скопје.

Со кадровски промени во српската амбасада на 15 април 2013 година тој повторно бил отповикан од дипломатската функција и акредитиран во српската амбасада во Хрватска.

Од јули 2015 е именуван како офицер за врска на АР и УБК на РМ во српската амбасада во земјава.

Александар Вучиќ БИА Горан Живаљевиќ Ивица Дачиќ разузнавач Собрание српска амбасада
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.