Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ССНМ го осудува третманот врз новинарите на контрапротестите

0
By Нова ТВ on May 11, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 11, 2016 11:06

Самостојниот синдикат на новинарите и на медиумските работници (ССНМ) реагира на настанот кој пред два дена се случи во Штип, а на кој новинарката на радио Канал 77 Вања Мицевска беше избркана од контрапротест и покрај поседувањето на новинарска легитимација. Мицевска иако побарала заштита од полицијата, сепак и тие ја советувале дека најдобро би било таа да го напушти протестот.

„Скандалозно е некој да им забранува на новинарите да известуваат, како што ѝ се случи на колешката од радиото Канал 77, Вања Мицевска која во понеделникот била избркана од протестот на движењето ГДОМ во Штип.

Сепак, најзагрижувачко е тоа што полицајците не ја заштитиле и не ѝ го гарантирале правото да известува. Поединец и група може да мислат дека имаат право да одредуваат кој новинар да следи протест, а кој не, меѓутоа полицијата, која сите ја плаќаме за да нѐ заштити, мора да реагира на овие инциденти и да им обезбеди услови на новинарите да си ја вршат работата.“ се вели во соопштението.

Втор настан кој исто така се случил неделава е што во Велес – претставниците од велешкото Здружение на пензионери се дрзнале дел до присутните новинари да ги квалификуваат како странски соработници и платеници.

„Овој јавен напад врз професионалното достоинство на колегите е резултат на постојаните дискфалификации кои новинарите во Македонија ги трпат со години и тоа многу често од новинари било на телевизии или радија со национална концесија, било во печатените медиуми. Последната безочна дискфалификација дојде од Мирка Велиновска во весникот „Дневник”.

Кога ќе се случат вакви два големи инциденти во само еден ден и кога ниту една институција нема да реагира, јасно е зошто Македонија е на дното од сите релевантни листи што ја мерат слободата на говорот и на медиумите во светот.“, се вели во соопштението на ССНМ.

контрапротести новинари ССНМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.