Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стампедо на поворката за Сулејмани: З5 лица загинаа, 48 се повредени

0
By Нова ТВ on January 7, 2020 СВЕТ
Фото: straitstimes.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најмалку 35 лица загинаа, а 48 се повредени во Керман за време на погребната поворка на иранскиот генерал Касим Сулејмани кој беше убиен во американски воздушен напад во Ирак, пренесе Иранската државна телевизија.

Односите меѓу САД и Иран се доведени на праг на ескалација. Иранците разгледуваат 13 сценарија за одмазда, тврди секретарот на Врховниот совет за безбедност на Иран, Али Шамхани.

„Американците треба да знаат дека досега е разговарано за 13 одмазнички сценарија, па дури и ако постои консензус за извршување на најлошото сценарио, тоа може да биде историски кошмар за Американците“, предупреди Али Шамхани.

Фото: presstv.com

Изјавата на Шамхани ја пренесоа западни медиуми повикувајќи се на иранската агенција „Фарс“.

Иранскиот парламент го прогласи Пентагон за терористичка организација

Иранскиот парламент денеска усвои итен закон според кој сите американски вооружени сили се означени како терористички. Законот е усвоен по итна постапка по убиството на Сулејмани.

Фото: oxibuzz.com

Парламентот неодамна усвои закон со кои се означуваат американските сили во делот на Африка, централна Азија и на Блискиот исток како терористички. Сега новиот закон се однесува на Пентагон, односно сите американски сили и сите лица вклучени во убиството на Сулејмани.

Столтенберг повикува на воздржаност

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг повика на воздржаност и намалување на растечките тензии меѓу САД и Иран.

За време на претседавањето со вчерашната вонредна средба со амбасадорите на НАТО во Брисел, тој рече дека 29-те сојузници повикале на воздржаност и деескалација и додаде дека нов конфликт нема да биде во интерес на никого.

Столтенберг ја истакна загриженоста на членовите на Алијансата поради „дестабилизирачките активности на Иран во поширокиот регион на Блискиот исток“. Запрашан за загриженоста во рамките на НАТО во врска со едностраниот потег на Вашингтон, тој додаде дека воздушниот напад е одлука на САД.

Германија и Хрватска ги преместуваат своите војници во Кувајт 

Во меѓувреме, Германија најави преместување на дел од своите војници од Ирак во Јордан и во Кувајт. Германскиот контингент со околу 30 војници е сместен во Багдад и во Таџи, град што е северно од ирачката престолнина.

Покрај околината на Багдад, Германија има свои војници и во ирачкиот дел на Курдистан за обука на локалните сили за безбедност.

Фото: armyrecognition.com

И 14-те припадници на Хрватската армија се преместени од Багдад во Кувајт, согласно одлуката на НАТО за изместување на мисијата. Хрватското Министерство за одбрана соопшто дека војниците се наоѓаат на сигурно и дека најважна е нивната безбедност.

Иран НАТО односи САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.