Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Standard and Poor’s”: Македонија со кредитен рејтинг ББ-/Б

0
By Нова ТВ on September 15, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Агенцијата „Standard and Poor’s” соопшти дека го потврдува кредитниот рејтинг на Македонија ББ-/Б, со стабилен изглед. Според извештајот, како што информира Министерството за финансии, политичката неизвесност е намалена со зајакнување на парламентарното мнозинство што би требало да ја олесни имплементацијата на реформите.

Извештајот нотира дека е направен напредок во неколку приоритети, истакнувајќи го подобрувањето на фискалната транспарентност. Исто така, се забележува напредокот во решавањето на спорот со Грција околу името. Притоа, „Standard and Poor’s” нотира дека постои неизвесност околу референдумот и понатамошната собраниска постапка и дека евентуалниот неуспех би можел да резултира со нова политичка криза во Македонија. Од друга страна, успешното разрешување на проблемот со името би го отворил патот за преговори за членство во ЕУ и НАТО. Ова би имало долгорочни економски придобивки како резултат на имплементирањето на реформите во текот на преговорите, како и придобивки од подобрената доверба на инвеститорите и приливите на странски инвестиции.

Според извештајот, по стагнацијата во 2017 година, забележан е засилен економски раст од 3,1 отсто во вториот квартал и покрај падот на инвестициите, што укажува на силни перформанси во останатиот дел на економијата. Се очекува дека растот на среден рок ќе изнесува околу 3 отсто, при позитивен придонес на јавните и приватните инвестиции како одраз на подобрената политичка стабилизација, а се очекува и позитивен придонес од нето-извозот. Понатаму, се очекува дека буџетскиот дефицит во 2018 година ќе биде во линија со таргетот на Владата од 2,7 проценти.

„Standard and Poor’s” го оценува јавниот долг на Македонија како умерен во глобален контекст. Притоа, по подолг период на раст во минатото, се оценува дека во наредниот период долгот постепено ќе се стабилизира, и ќе изнесува 48,8 проценти во 2021 година (државниот долг и долгот на ЈПДП). Оваа оценка го одразува очекуваниот буџетски дефицит, но и растечкиот долг на ЈПДП, како и подмирувањето на неплатените обврски.

„Standard and Poor’s” наведува дека може да дојде до подобрување на рејтингот доколку реформите се имплементираат навремено и се постигне натамошен напредок во разрешувањето на проблемот со името, и ова води кон подобри економски перспективи и зголемување на веројатноста за членство во ЕУ. Наспроти ова, врз влошување на кредитниот рејтинг може да влијае враќањето на политичките тензии или забавувањето на темпото на реформи, што би имало негативен ефект врз растот и странските инвестиции, како и во случај на фискална недисциплина или вон-буџетски активности кои би ја довеле во прашање оддржливоста на јавниот долг.

„Standard and Poor’s” Македонија рејтинг
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.