Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стано: Европската унија не е надлежна за давање безбедносни гаранции за Украина

0
By Ана Василевска on August 8, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Петер Стано
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европската унија не може да обезбеди безбедносни гаранции за Украина бидејќи тоа не е во нејзина надлежност, изјави денеска портпаролот на ЕУ за надворешни работи и безбедност, Петер Стано.

-Ние не сме безбедносна организација, така што дискусиите за безбедносните гаранции се дискусии за НАТО и за одделни земји, но не и за ЕУ ​​како организација, рече портпаролот на брифинг со новинарите во Брисел.

Тој додаде дека ЕУ го поддржува Киев во неколку области, вклучително и воената, што, како што рече, се рефлектира во испраќањето оружје за одбрана на Украина од руската агресија, но дека кога станува збор за безбедносните гаранции, таа може само да ги поддржи.

-Тоа им останува на земјите-членки кои можат да обезбедат таков вид гаранција, рече Стано.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно побара безбедносни гаранции од НАТО и западните партнери за неговата земја.

На 12 јули, членките на Г7 објавија меѓународна рамка која го отвора патот за долгорочни безбедносни гаранции за Украина со цел зајакнување на нејзината одбрана од Русија и одвраќање на Москва од идна агресија.

Зеленски минатата недела кажа дека уште 12 земји се приклучиле на декларацијата на Г7 за безбедносни гаранции за Киев.

Војна во Украина Володимир Зеленски Петер Стано
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.