Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стариот охридски Чинар во процедура за споменик на природата

0
By Нова ТВ on September 16, 2017 КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Охрид наскоро ќе добие нов културен белег. Чинарот е влезен во процедура да стане симбол на природата со уште неколку стари дрва во македонскиот туристички бисер. Симболот на градот што е сведок на 11 вековни премрежја е содржан во елаборат на „Деконс Ема“, друштво за еколошки консалтинг од Скопје, како дел од проектот на одделението за влијание и заштита на животната средина при локалната самоуправа.

„Чинарот е културно и природно богатство, а со ова треба да се потврди значењето што го има за град Охрид и туристичката понуда. Наш предлог е негово категоризирање во споменик на природата пришто се изготвени и низа мерки за поддршка на она што досега е направено, но и нови на долг рок за заштита на дрвото и стабилизација на крошната“, нагласува Менка Спировска од „Деконс Ема“.

За таа цел во елаборатот е вметната и посебна програма во насока за обезбедување на дополнителни финансиски средства од градската каса.

„Проекциите велат дека се потребни околу 15.000 евра на годишно ниво што и не се големи пари. Поголем дел би биле наменети за откривање на веќе направеното, за реставрација на дрвото и заштита на крошната“, додава Спировска.

Одлуката за категоризација на Чинарот во споменик на природата е мината на Советот на град Охрид и ќе биде проследена до министерството за животна средина. Слична постапка во иднина е планирана и за останатите чинари во Охрид, но и за вековниот кочеџик пред црквата „Пресвета Богородица Перивлепта“.

Охрид Чинар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.