Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стартува електронската апликација за Годишниот конкурс за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2022 година

0
By Mirjana on October 4, 2021 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 4, 2021 14:17

„Од денеска, 4 октомври,  до 6 ноември е рокот за пријавување на Годишниот конкурс за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2022 година. Рокот за пријавување е продолжен бидејќи од оваа година, за првпат, аплицирањето ќе се одвива електронски. Со тоа, ставаме крај на оние долгогодишни недостоинствени редици пред Министерството за култура“, рече министерката за култура  Ирена Стефоска на денешната прес-конференција по повод објавувањето на Годишните конкурси на Министерството за култура.

Електронската апликација е направена на колку што е можно поедноставен начин посочи министерката Стефоска и додаде дека веќе се направени и обуки во Центрите за култура низ повеќе градови и во Скопје.

„Со оваа апликација се забрзува целиот процес, од пријавување до изготвување решение. Да напомнам дека со затворањето и испраќањето на пријавата, секој корисник автоматски добива архивски број на неговата е-адреса. Со тоа се избегнува метежот пред архивата на Министерството за култура, физичкото поднесување на документи  и, што е многу важно, времето за евалуација на поднесените пријави се скратува за десетина илјади работни часови или во целиот процес се кратат два месеца поради досегашното рачно заведување на пријавите“, рече министерката за култура Стефоска.

Министерката за култура низ бројки ги презентираше придобивките од електронската апликација.

„На последниот конкурс имавме над шест илјади пријави. Секоја поединечно, рачно се заведуваше во архивата. Секоја од тие 6.000 пријави рачно се проверуваше дали е комплетна. Потоа, секоја од тие 6.000 пријави рачно се проверуваше дали соодветствува на поставените услови по дејност и секоја пријава рачно се внесуваше во компјутер. Така минуваа 60-ина дена само за таа процедура. Сега тоа е минато и е направено во полза, пред сè, на оние што конкурираат. Она што е особено важно е дека електронската апликација ја елиминира можноста за злоупотреба, односно да се менуваат или да се додаваат документи откако е завршено пријавувањето. Со тоа го елиминираме и секој сомнеж за евентуално коруптивно однесување при овој процес“, појасни министерката Стефоска.

На веб-страницата на Министерството за култура, покрај електронската апликација, објавени се и општите услови и условите за аплицирање во секоја дејност одделно, а поставено е и видеоупатство за постапката за аплицирање на македонски и на албански јазик. Апликантите, за секоја дилема или проблем при аплицирањето, можат и директно да се обратат на е-адресите на лицата за контакт, како и на телефонските броеви на вработените во Министерството за култура објавени на веб-страницата.

Електронската апликација за Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата е отворена од денеска, 4 октомври, од 11:00 часот, а ќе биде затворена на 6 ноември во 12:00 часот напладне.

за 2022 нац.програма апликации Стефоска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.