Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стефан Бужаровски: Реално е да се очекува значителен раст на цените на струјата за домаќинствата

0
By НОВА ТВ Balaban on November 4, 2021 ИНТЕРВЈУ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Професорот Стефан Бужаровски од Универзитетот во Манчестер,  европски експерт за енергетска сиромаштија во интервју за НОВАТВ повикува на широк општествен дијалог на различни нивоа, и внимателно регионално економско и просторно планирање за да се најдат трајни решенија за енергетските проблеми.

На што се должи наглото зголемување на цената на природниот гас (ЛНГ) на светската берза?

– Пред сè , бидејќи се јави неусогласеност меѓу глобалната побарувачка и потрошувачката на овој енергенс. Поради редица фактори има голем пораст во употребата на ЛНГ, при што расположливите резерви на светско ниво се ограничени. Во Европа дополнително влијае и тековната либерализација на меѓународниот енергетски пазар, поради која што ЛНГ има преземено улога на определувач на цените на другите форми на енергија. Тука има и степен на шпекулација со цените. Недоволните количества на гас кои се испорачуваат преку гасоводните системи од Русија исто така влијаат врз ситуацијата. Како резултат на сите овие елементи, цените на повеќе енергенси – пред сè,  гасот и електричната енергија се во пораст, а тоа има големо влијание врз енергетските системи во целост.

 Кои се заканите за Македонија од енергетска криза?

– Поставеноста на државниот електроенергетски систем е извор на ранливост во оваа смисла, пред сè, поради зависноста кон увозни фосилни горива. Битна улога имаат и ниските цени на електричната енергија за крајните потрошувачи. Реално е да се очекува значителен раст на цените на струја за домаќинствата. Постои и ризик од прекини во снабдувањето, доколку дојде до краткорочни пореметувања во рамнотежата на енергетските системи.

 На кој начин би се рефлектирале ваквите состојби во светот во Македонија?

– Најавата дека ќе се гори јаглен е една од видливите последици. Во еколошка смисла ова е многу лошо решение, и пред сè треба да се разбере како краткорочна мерка за намалување на ценовниот шок. Исто така, може да очекуваме максимално искористување на хидроенергетските капацитети. Меѓу другото, ова го загрозува и Охридското Езеро, кое, де факто, се користи како една голема хидроакумулација. Веќе подолг период нивото на езерото е само неколку сантиметри над минималната кота, и покрај релативно влажниот период. Може да очекуваме и поголемо аерозагадување поради зголеменото користење на тврди горива (дрва, отпад, јаглен) во домаќинствата.

 Кои се можните решенија за Македонија на подолг рок?

– Има само едно можно решение, и тоа е диктирано, пред сè,  од климатските промени: намалување на користењето на фосилните горива. Тука не спаѓа само јагленот туку и гасот, и во таа смисла процесот на гасификација е мошне проблематичен и штетен. Има многубројни технички решенија за трансформација на системот кон поголема еколошка одржливост, со користење на обновливи извори на енергија, зголемување на енергетската ефикасност и коренити промени во системите на електро-пренос и дистрибуција. Но, би потенцирал дека ова бара максимално ангажирање на сите капацитети на државата и општеството, на пример, преку сеопфатни програми за подобрување на енергетските перформанси на станбениот фонд, инвестиции во сончева и ветерна енергија, воспоставување на енергетски заедници, менаџирање со потрошувачката на енергија. Тука лежи клучниот предизвик, бидејќи станува јасно дека енергетската политика не е само техничко и економско прашање, туку бара активно вклучување на социјалната политика, просторното планирање, па дури и културните и политичките сфери.

Владата најави дека очекува затворање на сите термоцентрали на јаглен до 2027. Тоа би повлекло огромни економски поместувања во регионите кои зависат од овие капацитети, со прекинување на работата на многубројни стопански субјекти, и замена на илјадници работни места со нови. За процесот вистински да може се спроведе во наредните 5 години, потребен е широк општествен дијалог на различни нивоа, и внимателно регионално економско и просторно планирање. Но, колку што знам, темата воопшто не ни фигурираше на локалните избори во Кичево и во пелагониските општини.

Борјан Јовановски

ЛНГ раст Стефан Бужаровски струја употребата цените
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.