Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стерјовски за СОТ7: Македонците во Албанија во последните години се соочуваат со агресивна политика од страна на Бугарија за нивна асимилација

0
By НОВА ТВ Balaban on December 10, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 10, 2021 12:45

Според сите пописи спроведени во Албанија од создавањето на албанската држава до последниот попис, немаме ниту една личност, ниту еден изјаснат за Бугарин во регистрите на албанската држава. Во областа Преспа во 2011 година кога беше спроведен пописот и во селото Врбник во Деволската област, 100 проценти сите се изјаснати за Македонци. Немаме ниту еден Бугарин, рече Стерјовски

Лидерот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стeрјовски, гостувајќи во емисијата „Конак“ на телевизија СОТ7 зборуваше за „напорите на Бугарија за асимилирање на Македонците во Албанија“.

– Македонците во Албанија во последните години се соочуваат со агресивна политика од страна на Бугарија за нивна асимилација. Оваa бугарска политика на терен последните години се одвива со молчење на Албанија, во повеќе наврати и со нејзина помош, се со цел, Албанија да не биде попречена од страна на Бугарија за да го започне преговарачкиот процес за членство во ЕУ, рече Стерјовски.

Посочи дека така било и со признавањето на непостоечкото бугарско малцинство во 2017 година, без исполнување на ниту еден критериум за постоење на едно малцинство, кога „Албанија во последен момент потклекна пред заканите на Бугарија со вето за започнување на преговорите за членство во ЕУ“.

– Според сите пописи спроведени во Албанија од создавањето на албанската држава до последниот попис, немаме ниту една личност, ниту еден изјаснат за Бугарин во регистрите на албанската држава. Во областа Преспа во 2011 година кога беше спроведен пописот и во селото Врбник во Деволската област, 100 проценти сите се изјаснати за Македонци. Немаме ниту еден Бугарин. Бугарска заедница во Албанија значи проектот на Голема Бугарија. Проблемот е повеќе поврзан со Македонија. Бугарија не ја признава македонската нација. Секаде каде што има Македонци, таа тврди дека се Бугари, и сега ја шири својата пропаганда во областите каде што живее македонското малцинство – во областа Гора, Голо Брдо, во областа Пустец, во Врбник, рече Стерјовски.

Македонската заедница во Албанија, додаде, нема никаква врска со Бугарија во однос на јазикот, традициите, обичаите и песните.

-Таа е компактна и е на граница со Македонија, не е на граница со Софија и нема никаква врска. Ако го погледнете фолклорот, песните, имате многу песни од времето на османлискиот период што ги пееме за ослободувањето на Македонија, нема ниту една песна за Бугарија, нагласи Стерјовски.

Прашањето со бугарските пасоши, според Стерјовски, е профитабилен бизнис кој е проширен не само во областите каде живеат Македонци, туку и во други градови во Албанија.

– Еден бугарски пасош сега чини од 15 до 20 илјади евра. Има Албанци, не Македонци, кои плаќаат од 15 до 20 илјади евра. Затоа Ви кажав дека како бизнис е поисплатлив од садењето хашиш. Чини и до 20 илјади евра, еден бугарски пасош за Албанци по нацоналност. Зборувам за албански државјани кои живеат во Албанија, а не во Бугарија, рече Стерјовски.

Стерјовски, како пратеник во минатиот состав на албанскиот Парламент, беше прв пратеник Македонец кој јавно се декларира како Македонец.

асимилирање Бугарија Васил Стeрјовски Македонци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.