Тоа се општини во кои СДСМ води со над десет или 15 отсто – Центар, Кочани, Крива Паланка, Струмица, Шуто Оризари, Македонска Каменица… 
Синоќа Извршниот одбор на СДСМ ги утврди кандидатите за градоначалници за претстојните локални избори.
Утврдените кандидати, како и другите одлуки од седницата на ИО ќе ги соопшти генералниот секретар и шеф на изборниот штаб, Љупчо Николовски, на прес конференција која ќе се одржи во седиштето на СДСМ со почеток во 16.30 часот, информираа денеска од СДСМ.

Оваа партија досега промовираше 51 кандидат, а останува да се објават оние кои ќе се тркаат за градоначалник во повеќе од десет општини.

Тоа се општини во кои СДСМ води со повеќе од десет или 15 отсто – Центар, Кочани, Крива Паланка, Струмица, Шуто Оризари, Македонска Каменица.