Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Столтенберг на Преспа форумот: Договорите како Преспанскиот отвораат иднина

0
By Соња Крамарска on June 16, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

НАТО секогаш ќе го одбере патот што води кон надеж, демократија и мир, а не оној што води кон страв и војна, порача генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг во видео-обраќање на сесијата „Мир и демократија наспроти војна и автократија“ во рамките на Преспа форумот за дијалог во Струга.

Во обраќањето Столтенберг говореше за Договорот од Преспа чие потпишување овозможи членство на Македонија во НАТО и кој што придонесе за добрососедски односи, а истовремено ја отвори иднината на земјава.

Според него, договорите како Преспанскиот се важен дел од меѓународниот поредок заснован врз правила, а таквите договори ја обезбедуваат слободата, овозможуваат напредок, отвораат перспективна иднина.

„Алтернативата на тоа е катастрофа, како што можеме да видиме во Украина. Руската инвазија врз Украина го уништи мирот низ Европа и темелно ја промени нашата споделена безбедност. Кога и да заврши војната во Украина, односите со Москва драматично се променети, а безбедносниот пејзаж во Европа никогаш повеќе нема да биде ист“, рече Столтенберг.

Зајакнувањето на руско-кинеските односи го нарече „предизвик за нашата безбедност, нашите интереси и вредности“, а Македонија ја пофали како валиден сојузник, кој придонесува во мировната мисија во Косово која е од витално значење за безбедноста на Западниот Балкан, особено во време на зголемени тензии.

„Изминатите неколку дена нашата мисија на КФОР ја зајакнавме со стотици трупи, а Северна Македонија го зголеми буџетот за одбрана и дава поддршка на нашиот партнер Украина. НАТО може да смета на Северна Македонија и обратно. Јасен показател се авионите на НАТО кои во рамки на патролната служба го контролираат небото над земјата“, рече Столтенберг.

На оваа сесија се обратија и претседателот Стево Пендаровски, потоа претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ и на Албанија, Бајрам Бегај.

 

 

„Преспа форум за дијалог”. Јенс Столтенберг НАТО Преспански договор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.