Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Столтенберг од Вашингтон: Со ваша поддршка Северна Македонија наскоро членка на НАТО

0
By Нова ТВ on April 4, 2019 ВЕСТИ
Фото: НАТО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 4, 2019 08:41

„Сега мораме да ги надминеме разликите, бидејќи во иднина Алијансата ќе ни треба уште повеќе. Се соочуваме со предизвици без преседан – предизвици со кои ниту една нација не може да се соочи сама “, рече генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во американскиот Конгрес, на заеднички состанок на Претставничкиот дом и Сенатот.

Тој предупреди за заканата од Русија, но додаде дека западната клучна воена алијанса нема намера да почне нова Студена војна со Москва, туку сака да спречи воена агресија.

„Северноатлантската организација нема намера да распореди копнени нуклеарни проектили во Европа“, кажа Столтенберг, обвинувајќи ја Русија за прекршување на Договорот за ликвидарење на ракетите со среден дострел, од кој САД најавија дека се повлекуваат поради руското прекршување.

Столтенберг го искористи својот говор кој беше по повод 70-годишнината од формирањето на НАТО да спомене дека ова е  најуспешен сојуз во историјата.

„НАТО е добро за Европа, но НАТО исто така е добро за САД”.

„Силата на една нација не се мери само според големината на нејзината економија, ниту по бројот на нејзините војници, туку и по бројот на пријателите,. И преку НАТО, САД имаат повеќе пријатели и сојузници од која било друга сила. Ова ги направи САД посилни, побезбедни и посигурни“, рече Столтенберг.

Членовите на Конгресот, неколкупати го прекинуваа говорот на Столтенберг со овации, а со аплауз беше дочекана и веста дека Северна Македонија ќе стане 30 членка на Алијанста.

„Вратата на НАТО останува отворена. Оваа година, Северна Македонија го потпиша пристапниот протокол и со ваша помош, Северна Македонија наскоро ќе стане 30 членка на нашата Алијанса,“ рече Столтенберг.

Столтенберг e првиот генерален секретар на НАТО кој се обратил пред во американскиот Конгрес. Тој зборуваше на покана на претседателката  Ненси Пелоси која на почетокот на годинава предводеше делегација на демократи – конгресмени во Брисел за да ги убеди евроспките партнери дека трансатлантските врски остануваат силни, и покрај оценката на Трамп дека се работи за „застарена“ организација.

Со обраќањето на Столтенберг пред конгресмени и сенатори, се  реафирмираше американската заложба за НАТО –  и се потврди поддршката која Алијансата ја ужива и кај републиканците и демократите.

Во меѓувреме, американскиот државен секретар Мајк Помпео на гала вечерата во Вашингтон по повод одбележувањето 70 години од формирањето на Северноатлантската алијанса, објави дека Стејт департментот и официјално ги достави до Сенатот на САД сите потребни документи за ратификација на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО.

Конгрес НАТО Столтенберг
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.