Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Столтенберг во Скопје: Местото на Македонија е во НАТО

0
By Нова ТВ on January 18, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со утринската средба со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ги почна средбите со македонскиот државен врв, како и со лидерите на дел од партиите застапени во Собранието.

На средбата, Димитров нагласил дека посетата на Генералниот секретар на НАТО е од круцијално значење за Република Македонија и претставува силно охрабрување за нашите напори 2018 година да биде историска година за земјата како и за регионот. Тој изразил голема благодарност за континуираната поддршка за евро – атланската интеграција на земјава и очекување за позитивен исход од претстојниот Самит на НАТО во јули оваа година.

Столтенберг, пак, ја потврдил политиката на отворени врати на НАТО.

„Тој го изнесе својот позитивен впечаток од демократскиот развој во земјата, искажувајќи поддршка за реформските процеси на Владата на Република Македонија. Воедно, Столтенберг изрази и охрабрување да се искористи позитивниот моментум на земјата со цел реализација на нејзината евро-атлантска аспирација“, соопштија од МНР.

По разговорите со Димитров, Столтенберг се сретна со претседателот на државата Ѓорге Иванов.

Како што соопштија од кабинетот на претседателот, на средбата станало збор за евроатлантските интеграции на Република Македонија, за реформите во одбраната и безбедноста во согласност со НАТО стандардите, како и за унапредувањето и продлабочувањето на соработката со Северноатлантската алијанса.

Претседателот Иванов и генералниот секретар Столтенберг, се додава, оценија дека односите и соработката меѓу Република Македонија и Алијансата се на високо ниво, и го истакнаа придонесот што македонската армија го дава во рамки на меѓународните мировни мисии.

Македонија покажа дека има капацитет да спроведе реформи во духот на вредностите на НАТО, да се фокусира на демократските процеси, реформите во одбраната, да ги унапреди добрососедските односи и да стане фактор на стабилност во регионот. Со доследно спроведување на реформите, местото на Македонија е во НАТО, истакнато е на средбата на Столтенберг со министерката за одбрана Радмила Шеќеринска.

Како што соопшти Министерството за одбрана, на средбата министерката посочи дека во Македонија  меѓу граѓаните и на политичката сцена има недвосмислен консензус дека државата треба да биде полноправен член на НАТО и Европската Унија.

– Исполнувањето на нашата стратешка цел Македонија да стане 30. членка на НАТО е од големо значење, не само за нашата земја туку и за мир и стабилност на Балканот. Членството на Македонија во НАТО е цел која ги обединува сите граѓани и околу која постои политички консензус. Потребно ни е охрабрување и поддршка за да можеме да ја испратиме пораката дека таа цел е остварлива, рече министерката за одбрана на средбата што се одржа во Министерството за одбрана.

Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, пак, се наведува, се заблагодари за долгогодишниот придонес на Армијата на Република Македонија во мисиите на НАТО во Авганистан и го поздрави 20-процентното зголемување на силите на АРМ во „Одлучна поддршка“.

Првиот човек на НАТО рекол дека ги поддржува напорите Македонија да стане членка на НАТО и дека има причини да се биде оптимист, без да се губи реалистичноста, бидејќи смета дека има уште предизвици.

Само со конструктивен дијалог со соседите  во однос на спорните прашања и со активен ангажман на институциите и на сите политички субјекти на исполнувањето на Планот 3-6-9, ќе се финализира „незавршената работа“ од Букурешкиот самит на НАТО во 2008 година, истакна претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, на средбата со генералниот секретар на НАТО.

Како што соопшти собраниската прес-служба, Џафери нагласил дека Република Македонија, веќе 18 години успешно го подготвува Годишниот план за членство во НАТО, за што и тој како поранешен заменик-министер и министер за одбрана, посочил, имал голем ангажман и удел во напорите за полноправно НАТО членство.

Столтенберг, пак, се посочува, ја потенцира понатамошната поддршка на НАТО за исполнувањето на амбициозната реформска агенда на новата Влада, особено на планот за владеење на правото, јакнењето на мултиетничкото општество и принципите на Охридскиот договор, како и за одржувањето и негувањето на добрососедските односи.

Како позитивен исчекор во оваа насока, генералниот секретар на НАТО ја навел ратификацијата на Договорот за добрососедство со Република Бугарија, со што се отвора ново и квалитетно поглавје во регионален контекст.

На средбата со Столтенберг присуствуваа координаторите на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев, и на ДУИ Ејуп Алими, Фросина Ташевска-Ременски, претседателка на Комисијата  за одбрана и безбедност и Цветанка Иванова, генерална секретарка на Собранието на Република Македонија.

Димитров Иванов Столтенберг Шекеринска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.