Руската фудбалска федерација изрече забрана за трансфери на 14 клубови од првата и втората лига. Причина за ваквата последица се финансиски проблеми и во јануарскиот преоден рок тие остануваат без можност за регистрација на играчи бидеќи не успеале да ја регулираат исплатата што подразбира плати, трансфери и данок.
Во редот на казнетите се наоѓа и Рубин Казан, поранешен шампион на Русија и противник на Работнички во плеј-офот за Лига Европа во минатата сезона, како и Амкар од Перм, Крилја Совјетов и Томск. Најпознат второлигаш што е ставен под мраз за трансфери е московски Динамо.
Бројни руски фудбалски клубови се соочуваат со финансиски проблеми. Како нивни главни извори на капитал се државните компании и регионалните влади.