Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сторијата „Женското е туѓа фамилија“ на Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добија наградата „Гласник на невидливите“

0
By Xhabir Deralla on June 17, 2026 ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 17, 2026 22:50

Сторијата „Женското е туѓа фамилија“ во авторство на Лени Фрчкоска и Марта Стевковска, објавена на феминистичката платформа meduza.mk е меѓу сториите наградени со „Гласник на невидливите“ што ја доделува Македонската платформа против сиромаштијата.

„Наследувањето на имот од страна на жените во нашата држава е толку ретко, што низ времето се проткајува како народна пракса која речиси и да не се доведува под знак прашалник. Како и повеќето традиции, таа во својот корен негува начело на нееднаквост кое единствено опстојува во нашите ограничени перцепии за тоа што заслужуваат жените од своите семејства и колективи. Освен што се работи за блатантна дискриминација, темата за имотните права на жените, задира длабоко во родовата нееднаковост, како во личното, така и во политичкото.

Почнувајќи од 2023, достапните податоци нагласуваат значителни родови разлики, при што мажите сочинуваат 71% од имотната евиденција во споредба со 29% на жените, тренд конзистентен во различни региони. Дополнително, според истражување од Националната федерација на фармери „во руралните области, само 4% од жените се носители на сопственички права, обично откако ќе станат вдовици“.

Истражувањата покажуваат родова шема во изјавите за откажување од наследство, при што жените почесто се откажуваат од својот дел во полза на братот. Ова е резултат на патријархална и традиционална култура во која најчесто при распределба на наследството, имотот го добива синот или при оставински постапки ќерките се откажуваат од она што законски им припаѓа.

За да ги истражиме овие динамики подлабински, спроведовме анкета, но и директно на терен разговаравме со жени на различни возрасти, различни етнички заединици и социјални групи кои ни ја раскажаа својата приказна. Методолошки, целта ни беше да се чуе нивната приказна и глас, кои ја хранат вознемирувачката статистика.

Нивните сведоштва, сличноста на нивните приказни и расплетувањето на токсичните семејни динамики кои ги понеле на своите плеќи и во чие име ја ставиле во залог својата иднина говорат за култура, политика и идеологија кои се отпорни на идејата за еднаквост и демократските вредности, но и на здравиот разум.

Тие динaмики говорат и за неопходноста државата да се освести за важноста на ова прашање и да го отвори како исклучително важно во образованието, но и да му се посвети преку посебни кампањи и програми, пред сѐ, преку Министерството на труд и социјална политика – стои во воведот на наградената сторија по што следат десетици лични сведоштва.

Покрај Фрчкоска и Стевковска, награди се доделени и на:

Бојан Шашевски – „Училниците уште не се „проветрени“ од дискриминацијата кон атипичните деца“,

Ирина Крстевска – Фото сторија „ГМП – Пат кон зависност и сива економија, наместо излез од сиромаштија?“,

Михаил Милошевски – Периките на хуманитарката Сашка Кузманова кои со пари не се купуваат“

Љубица Иванова – „Наставничката Маја е единствената вработена која се грижи за сите услови во училиштето во село Маврово“,

Магдалена Стојмановиќ – Константинов – „Замаглените лица на сиромаштијата”,

Слободан Иванов – „Глаголицата како парабола за денешното сеопфатно општество: Отворена изложбата „Глаголички откровенија“ на Томе Даневски во КИЦ – Скопје“,

Сунчица Стојановска Зоксимовска – „Македонци на „фармацевтски туризам“ во Косово и во Србија за поевтини лекови“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.