Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Странските инвеститори и покрај намалениот обем на работа од планираното во 2021 година го задржаа бројот на вработени и покажаа голема општествена корпоративна одговорност

0
By Mirjana on December 29, 2021 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 29, 2021 15:01

Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство при Советот на странски инвеститори во рамките на Стопанската комора на Северна Македонија ја презентираше анкетата за странските директни инвестиции во земјава со посебен осврт на актуелните состојби, остварените резултати и очекувањата за идната година.

Анкетата ја презентираа Виктор Мизо, претседател и Боријан Борозанов, потпретседател на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство.

Анкетата која е спроведена во првата половина на месец ноември годинава вклучува одговори на 72 % од анкетираните производствени компании кои се лоцирани во и вон ТИРЗ-овите  во сите плански региони од државата. Претежно тоа се компании од автомобилската индустрија коишто минатата година заедно имале 20.700 вкупен број на вработени.

75 % од испитаните странски инвеститори во земјава повторно би инвестирале во земјава, а како најголем ризик за развојот на нивните компании гледаат во недостигот на стручна работна сила, правната неизвесност и предвидливоста на економската политика, неефикасноста на јавната администрација, недоволна административна грижа и поддршка на оперативно ниво, како и неисполнување на дадените ветувања и договорните обврски од страна на државата. Главни конкурентски локации на РС Македонија се Србија, Бугарија и Мароко.

Во однос на остварените резултати во тековната година, над половина од испитаниците или 54% забележале пад на обемот на планираното производство и извозот помеѓу 10-35%, како резултат на намалените нарачки од странство, недостатокот на суровини и репроматеријали и пречките во нормалното одвивање на транспортот. И покрај ваквиот пад на обемот на производство бројот на вработени останал релативно стабилен со пад од само 1,7%. Ова ја покажува општествената одговорност и грижата за своите вработени кои дури и во услови на пролонгирана и намалена економска активност компаниите ги задржале на работа своите вработени и користат начини за дообука и доусовршување за нивна подобра продуктивност и ефикасност во посткризниот период. На пазарот на трудот, компаниите најтешко доаѓаат до инженерски и технички кадар, а најлесно до административен кадар. Како причина  за недостатокот на работна сила се посочуваат: одливот на кадарот во странство, недоволното практично искуство и знаење и несоодветното стручно образование на потенцијалната работната сила на пазарот на труд и ниската мобилноста на работна сила за прифаќање на работа надвор од главниот град.

На прашањето за финансиската поддршка и државната помош која ја добиваат, вкупно 93% од анкетираните компании сметаат дека се потребни нови финансиски мерки за ублажување на последиците од пандемијата, пред се наменети за одржување на бројот на вработените, субвенционирање на трошоците за електрична енергија, како и за намалување на увозните царински давачки за компоненти наменети за технолошко напредно производство- процес кој што е започнат и се очекува негова имплементација со законско решение во почетокот на 2022 година.

Умерени се и одговорите за очекувањата на компаниите за 2022 година. 39% од испитаните компании очекуваат приближно исти приходи, раст на приходите од 10-30% очекуваат 40% од анкетираните компании, а намалување од 10-30% прогнозираат 21% анкетирани компании.

Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство при Советот на странски инвеститори во рамките на Стопанската комора на Северна Македонија се заблагодарува за досегашната соработка со државните надлежни институции и за следниот период укажува на потребата од уште поефикасна институционална поддршка. Вакви анкети Асоцијацијата планира да прави секоја година.

 

Стопанска комора на РСМ Странски инвестиции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.