Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска ќе одржи тематска дискусија со членовите на Стратешкиот совет на МНР, поврзана со случувањата во Авганистан, комплексноста и далекусежноста на импликациите предизвикани од оваа криза, кои би се рефлектирале и врз нашата земја.
Состанокот, како што информираат од МНР, е продолжение на серијата настани во рамки на проектот на Министерството за надворешни работи, „Рефлексија 2030”, чија крајна цел е изработка на долгорочна Стратегија за надворешна политика.