Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Стрежево“ е првото претпријатие формирано од Владата чие производство на струја ќе го продава на слободниот пазар

0
By Marija Todorovska on March 25, 2024 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 25, 2024 20:23

„Стрежево“ е првото претпријатие формирано од Владата кое изградило фотоволтаична централа чие производство на струја ќе го продава на слободниот пазар, изјави вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи при денешната посета на ова јавно претпријатие.

Битиќи, како што соопшти владината прес-служба за време на посетата  на ЈП „Стрежево“ непосредно се запознал со неговото работење и направил кратка обиколка на новата фотоволтаична централа која неодамна е пуштена во употреба.

Станува збор за фотоволтаична централа со инсталирана моќност од 500 kW, изградена со сопствени финансиски средства, без задолжување.

-Ме радува што имав можност да видам едно одговорно менаџирање, пример за тоа како треба да се управува со државна компанија. Покрај тоа што веќе претпријатието ја користи водата како обновлив извор на енергија со пет мали хидроцентрали, одлучува да направи дополнителен чекор кон користење и на сонцето како извор на енергија. Станува збор за фотоволтаична централа со инсталирана моќност од 500 kW, изградена со сопствени финансиски средства, без задолжување. 30.000.000 денари наместо да се потрошат на непродуктивни расходи, менаџментот одлучува да ги вложи во централа, која годишно ќе произведува околу 700.000 kWh електрична енергија, истакнал Битиќи.

Според него, можеби ова е мал во обем капацитет на инсталирана моќност, но значен по амбицијата, по желба да се покаже дека едно јавно претпријатие може успешно да се раководи на сосема поинаков начин од оној на кој сме навикнати низ годините.

-Што е уште поважно, оваа капитална инвестиција се реализира без да се ускрати можноста за редовни и повисоки плати на вработените, кои во септември 2023 година се зголемени за 10 отсто, нагласил Битиќи.

Оваа централа, како што е наведено во соопштението, е едно парче од енергетскиот мозаик од обновливи извори во земјава во кој во последните 26 месеци се пуштени во употреба енергетски капацитети со моќност од 616,42 MW, што е доволно за снабдување со електрична енергија на 194.500 домаќинства.

битиќи Стрежево струја
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.