Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стрезовски – градоначалник осуден за полициска бруталност во Стразбур

0
By Нова ТВ on October 9, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Актуелниот градоначалник на Ресен и кандидат за уште еден мандат, Ѓоко Стрезовски, успеал да ја избегне правдата во македонските судови, но бил осуден од Европскиот суд за човекови права за полициска бруталност. Пресудата за случајот „Аслани против Република Македонија“ е донесена во декември 2015 година, со која Македонија на Есат Аслани од Охрид е обврзана да му плати 11.700 евра.

Во време кога пекарот Есат Аслани, ја почнува судската битка во Македонија, Стрезовски бил полициски службеник, а наместо да биде осуден за полициска бруталност, тој напредува на скалилата во МВР и станува портпарол на СВР Битола, а потоа на локалните избори во 2013 е избран за градоначалник во Ресен.

Судскиот предмет на Аслани седум години е „шетан“ по Основните судови во Ресен и Битола, Апелациониот суд во Битола, а на крај Врховниот суд констатирал дека случајот застарил.

Оваа пресуда на Судот за човекови права во Стразбур е школски пример, кој ја покажува спрегата меѓу полицијата и судовите и оневозможувањето на граѓаните да ја истераат правдата во македонските судови.

Пресуда за случајот „Аслани против Република Македонија“

Судската голгота на Есат Аслани 

Настанот во кој е инволвиран Стрезовски се случил во 2008 година, во време кога тој бил полициски службеник во СВР Ресен. Тужителот, Есат Аслани од Охрид, бил вработен во пекарница, кога во објектот пристигнале неколку полициски службеници за да утврдат дали сите вработени лица имале дозвола за работа и престој. Сопственикот на пекарата и Аслани биле повикани во полициска станица, а додека биле таму Аслани бил физички нападнат од сегашниот градоначалник на Ресен, Ѓоко Стрезовски. Аслани веднаш извадил лекарско уверение во кое му биле констатирани модрици на лицето и скршен нос.

Претепаниот пекар поднел кривична пријава до Јавно обвинителство заради малтретирање од полицијата и претставка до Секторот за внатрешна контрола во МВР. Истражен судија од Ресен на 12 јуни 2008 година отворил истрага за овој случај. Но, на 24 февруари 2009 година, јавниот обвинител го известил истражниот судија дека се откажува од гонење.

Апелациониот суд во Битола го укинал решението за запирање на постапката и му наложил на Основниот суд во Ресен да изврши соочување меѓу жалителот и полицајците присутни во пекарницата. Со цел да се проверат информациите кои во меѓувреме биле изнесени, дека повредите и скршеницата на носот, Аслани ги добил во сообраќајна несреќа која се случила пред инцидентот.

Судот го извршил соочувањето и ги истражил наводите поврзани со сообраќајната несреќа на жалителот, но потоа сите судии од Основниот суд во Ресен побарале изземање од предметот, бидејќи тие веќе биле вклучени во постапката во различно својство.

На 1 јуни 2010 година Апелациониот суд Битола му го доделил предметот на Основниот суд во Битола. Овој суд три пати го ослободувал Ѓоко Стрезовски од обвинение поради недостиг на докази, но Апелациониот суд ги уважувал жалбите и го враќал предметот на повторно судење.

Случајот стигнал и до Врховниот суд, па во пресудата од 12 ноември 2013 година, највисокиот суд го уважил барањето на тужителот за заштита на правото на судење во разумен рок и признал дека кривичната постапка против Стрезовски била предолга, поради што му досудил на Аслани надомест во износ од 500 евра.

На 18 март 2015 година, Основниот суд Битола го ослободил Ѓоко Стрезовски од обвинение за малтретирање и телесна повреда, и утврдил застареност на случајот.

Пресуда на Европскиот суд за човекови права

Пекарот од Охрид не застанал во трагање по правдата, па решил за овој случај да се жали до Судот за човекови права во Стразбур. Судот, во пресудата донесена на крајот на 2015 година, констатира дека кривичната пријава на Аслани и медицинските докази се доволна поткрепа за тврдењето на жалителот дека бил малтретиран од полициски службеник. Европскиот суд за човекови права констатирал дека жалителот бил изложен на физичка болка, страв, голема вознемиреност и душевно страдање.

Европскиот суд констатирал дека во случајот е повреден член 3 од Конвенцијата за човекови права поради пропустот на властите да спроведат ефективна истрага за тврдењата на жалителот за полициска бруталност. Истовремено судот констатирал нечовечно и понижувачко постапување од страна на полицијата за време на сослушувањето на Аслани во полициската станица во Ресен.

Европскиот суд за човекови права одлучил дека државата на Аслани треба да му плати 11.700 евра за нематеријална штета.

Стрезовски бара втор мандат

Актуелниот градоначалник, Ѓоко Стрезовски, дојде на чело на општината Ресен на изборите во 2013 година. Во неговата биографија на страната на општина Ресен, пишува дека тој магистрирал на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ во Битола, каде што и докторирал со што се стекнал со титула доктор на менаџмент на образование.

Автор е на повеќе стручни и научни трудови од областа на безбедноста, односите со јавноста, образованието и заштитата на животната средина. Стрезовски исто така е доцент и професор на Меѓународниот славјански универзитет „Г.Р. Державин“ во Битола.

Во професионалната кариера бил советник во кабинетот на Министерот за внатрешни работи, началник на ОВР Ресен, а до кандидирањето за градоначалник беше портпарол на СВР Битола. Во моментов е постојан коизвестувач на Заедничкиот консултативен комитет на ЕУ од Република Македонија.

Стрезовски на претстојните локални избори, како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, од граѓаните на општина Ресен бара да му дадат поддршка за втор мандат.

 

градоначалник Ѓоко Стрезовски локални избори 2017 МВР Ресен Стразбур Суд за човекови права
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.