Турската полиција го приведе педестгодишниот возач на авотобусот со скопски регистарски таблички, како и возачот на камионот со кој се судри во синоќешната сообраќајна несреќа каде животот го изгуби струмичанецот Никола Михаилов, а десеттина други патници се повредени.
Автобусот со 39 патници се враќал од еднодневна шопинг тура во Истанбул при што се судрил со камион. Несреќата се случила во близина на градот Текирдаг, на автопатот Едрене-Кешан, кога автобусот со македонски патници се судрил со турски камион натоварен со јаглен, при што бил влечен 100 до 200 метри.
Смртта на Михов била констатирана на самото место на несреќата , додека повредените патници биле итно пренесени во најблиските болници. Противпожарните служби морале да исечат и делови од автобусот за да ги спасат патниците заглавени во него.
Според турските медиуми, има 12 потешко повредени патници, кои биле пренесени во болниците во Едрене, Кашан и во Малкара, додека оние со полесни повреди биле пуштени од болница.
Медиумите известуваат дека 27 годишниот возач на камионот со турски регистарски таблици се обидел да побегне од местото на несреќата.