Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Студенти од ФИНКИ ќе му помагаат на МОН во унапредување на дигиталното работење и забрзување на дигитализација на образованието

0
By Marija Todorovska on March 10, 2025 ВЕСТИ
Фото: Скриншот прес конференција
Фото: Скриншот прес конференција
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 10, 2025 12:58

Студенти од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) ќе му помагаат на Министерството за образование и наука во унапредување на дигиталното работење и забрзување на процесот на дигитализација на образованието.

Под менторство на нивните професори, студентите ќе помагаат во тековното одржување на дел од информациските системи и дигитални платформи со кои располага МОН и ќе учествуваат во креирање и имплементација на нови техничко-технолошки решенија и дигитални услуги во воспитно-образовниот процес.

Министерката за образование Весна Јаневска посочи дека МОН, како и целата администрација во државата, има потреба од поддршка во ИТ-сферата. Како што рече, МОН има многу вработени, но нема капацитет за да може да ги извршува своите секојдневни потреби и да ги испорача услугите кон граѓаните односно училиштата и другите образовни установи, особено во ера на неопходна дигитализација на општеството.

Студентите нема да добиваат паричен надомест, туку активностите ќе бидат во рамки на нивната пракса која, рече Јаневска, генерално е мала на сите факултети и практичниот дел од едукцијата ќе треба да се зајакне преку ваков тип заемна корист.

На  новинарско прашање дали е одблокиран процесот за изградба на објектите за ФИНКИ и за Факултет за физичка култура, кои од пред осум години почнаа да се градат во близина на Ректоратот на УКИМ, министерката Јаневска одговори дека процедурата е во тек.

Она што со сигурност можам да го кажам е дека зградата на ФИНКИ во овој мандат ќе биде изградена, рече министерката за образование и наука.

Весна Јаневска МОН студенти Финки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.