Студентите од Здружението „Еден од пет милиони“ му ги врачија на ректорот на Белградскиот универзитет Иванка Поповиќ клучевите на зградата на Ректоратот, со што се стави крај на блокадата на таа зграда.
Транспарентот „Блокада е во тек“ е отстранет и заменет со нов – „Не ја даваме ректорката“.
Студентите ја држеа зградата на Ректоратот во блокада 12 дена, бараа да престане неодговорното однесување на надлежните предводени од министерот за образование Младен Шарчевиќ кон образованието, падот на Универзитетот на списокот на Шангајската листа, нарушување на наставната година заради одржување на Универзијадата, најавата за иселување на студентите од Студентскиот град, одложување на испитите, скратување на годината, недостиг на литература, недостаток на простории за настава на некои факултети, а бараат и разрешување на министерот за финансии Синиша Мали.
Премиерката Ана Брнабиќ пред два дена изјави дека не очекува министерот Мали да поднесе оставка од функцијата, како што бараат студентите и ги нарече студентите политички активисти, а блокадата – „срам за Белградскиот универзитет, односно тажна политичка престава, на која и нема крај на повидок“.
За разлика од неа, студентите и ректорката Иванка Поповиќ оценија дека се водат конструктивни преговори.




