Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Студентка од Велес починала чекајќи три месеци резултати од анализите

4
By Менче Атанасова Точи on March 31, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

21 годишна студентка од Велес, во декември минатата починала поради долгите процедури во здравствениот систем, ненавремена  реакција на лекарите и долгото чекање на резултатите од биопсија, обвинува нејзиното семејство. Најблиските на починатата девојка, за која инсистираа да не се објави името, кое е познато на редакцијата, сметаат дека е изгубено драгоцено време во кое болести напредувала.

Се започнало со навидум мал израсток на израсток под кожата на грбот, а завршило со карцином кој се раширил по сите органи во телото што довело до смртни последици. Оваа шокантна приказна најпрво ја обелодени нејзиниот најдобар другар Љупчо Јованов од Велес,  а откако го контактиравме семејството и тоа ја потврди информацијата.

Револтиран од се што се случувало тој ја раскажа приказната  за младата девојка, штотуку дипломирана студентка на Медицинскиот факултет во Штип на отсекот за акушерство. Откако забележала дека има израсток под кожата,  таа ја посетила  матичната лекарка.  Одговорот бил дека е обично масно ткиво и „да не се секира бидејќи не е ништо страшно“. Но, израстокот почнал да се зголемува. За два месеца станал поголем, местото почнало да боли, таа не можела да си ги извршува секојдневните обврски , не можела ниту да седи, ниту да лежи подолго. И повторно побарала помош од  матичната лекарка. Таа и с е обратиле со зборовите“  девојко бидејќи ова расте , да не ти  прави проблеми најдобро би било да го отстраните“, по  што ја упатила во болницата во Велес.

„ Таму ја оперираа, а дел од ткивото веднаш го испратија на испитување на Институтот за патологија во Скопје. Тука ја направија првата грешка, при операцијата кога лекарот го направил резот погрешно и ги исекол нервните завршетоци, па имаше страшни болки. На излегување од болница хирургот и рече дека резултатот од биопсијата ќе биде готов за десет работни дена и тогаш да дојде да си го земе“, ја започна приказната Јованов.

Но, резултатите од биопсијата наместо за десет дена ги добиле дури по три месеци. Јованов тврди дека поради неажурност примерокот останал заборавен на Институтот за патологија. Семејството постојано се обраќале во болницата во Велес, а таму им одговарале дека се уште чекаат на анализите.  Во меѓувреме израстокот енормно се зголемил, а се појавиле уште два нови до него. Девојката помош и совет побарала кај нејзиниот професор на Медицинскиот факултетот, по што тој фрапиран ја упатил кај негов колега што ја работи оваа проблематика.

„Имаше големи болки, одвај се движеше. Отидовме во приватната болница и кога лекарот каде бевме упатени ја виде се фати за глава. Ги побара резултатите од биопсијата. Му рековме дека не можеме да ги добиеме, уште не биле готови. Веднаш се јави и ни рече да одиме таму. Јас и мајка ми отидовме, тие започнаа да бараат и се утврди дека примерокот воопшто не бил анализиран, го заборавиле. Кога видоа што направиле резултатите ги изработија веднаш и ние ги добивме за еден ден“, раскажува нејзината сестра Александра.

Но, веќе било доцна карциномот бил во последен стадиум, метастазирал и се раширил на коските и во внатрешните органи во телото. Лекарот ја испратил на Клиниката за онкологија каде веднаш започнале со хемотерапија. По примени неколку терапии, за неколку месеци таа починала во најголеми маки, парализирана и со тешки болки.   Дипломата и стигнала една недела откако починала.

„Тоа беше голем шок за сите. Се уште се прашуваме како е можно да се случи таков пропуст,грешка која не може да се исправи. Да не се изгубеше драгоцено време, можеби ќе ѝбеше спасена. Здравствениот систем е навлезен во длабока криза која води во бездна исполнета со многу изгубени животи“ вели нејзиниот другар Љупчо Јованов.

Нејзиното семејство,мајка и сестра и верувале во здравствениот систем и биле убедени дека на лекарите им треба време за да ги направат анализите од биопсијата. Неупатени, без да знаат каде да се обратат , одговорот го барале во болницата во Велес  бидејќи таму требало и да стигне.

На Институтот за патологија велат дека имаат политика да не даваат изјави за медиумите. Сепак, кога се повикавме на Законот за слободен пристап до информации го пронајдоа името на девојката во базата на податоци. Директорката рече дека примерот за анализа не бил заборавен, туку бил пратен на испитување во Германија, затоа се доцнело.

„ Тоа беше многу тежок случај. И без тоа немаше ништо да с е промени. Но, увид во документацијата не може да има никој освен обвинителството доколку семејството планира да тужи“, изјави директорката Гордана Петрушевска.

Од друга страна, семејството вели – и да биле пратен примерокот во Германија, тој предолго патувал. Зачудени се зошто за такво нешто не биле известени, туку кога отишле лично таму им кажале дека анализите не се направени, но ќе бидат за еден ден готови.

„Да беа резултатите на време направени можеби ќе се спасеше, ќе добиеше во време. Вака изгуби три месеци без терапија, а со силни болки и големо страдање. Кога отидовме јас и мајка ми ни рекоа дека не е изработен  примерокот од биопсија, а потоа за еден ни го дадоа“, вели нејзината сестра Александра.

Ова е само една од приказните која е заплеткана во лавиринтите на здравствениот систем.  Административните процедури, закажувањата преку „Мој термин“ и незаинтересираноста кај голем дел од медицинскиот персонал имаат силно влијание врз квалитетот на лекувањето. Семејството смета дека и покрај тоа што болеста била галопирачка и со мали прогнози, изгубено е драгоцено време за кое можело да се почне со рана терапија.  Таквите пропусти младата девојка ги платила со живот.

Подготовката на oвој материјал беше овозможена со поддршка од Британска амбасада Скопје, во рамките на проектот “FISCAST+: Фискалната транспарентност и одговорност ги подобрува политиките во областите на квалитет на живот, образование и здравство”. Мислењата и ставовите наведени во овој материјал не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската амбасада. Проектот е имплементиран од Finance Think – Институт за економски истражувања и политики, Скопје.

анализи девојка почината
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.